Мајки како ги фиксирате ушињата на бебе? Цело време се врти и ставам капа и си го превртува увцето и така и останува после тоа.
Што мислите за Nurse Harvey's сирупот? Очајна сум. Вчера беше страшно, плачеше без престан, ништо не сакаше, не можеше да се смири. Педијатар ви го препорача или на своја рака го земате и како го дозирате?
Кога се прима рота вакцина? Моето е родено на 01.09 а закажана контрола ми е на 10.11 тогаш ке има 2 месеци и 10 дена.
Денес ќе почнам. Купив и бекутан чај. Следно уште инфакалм и саб симплекс ми остана. Не знам што друго да правам. Многу, многу лош период.
Пробај подолг период во денот да има топло на мешето, така се опуштаат цревата. Кај нас, во ептен кризни ситуации ни помогнаа капките на Бекутан.
Не мила, тоа се специјални силиконски лепњнчиња за уши! Од аптека од Бугарија дека кај нас не ги најдов! Така се викаат! Ако некоја сака ќе ги сликнам
Здраво мајки. Денес бевме на контрола, на 13ти ноември правиме 3 месеци. Бебето ми е на доење плус ад. Го мерија денес има 6кг. Ми рекоа да му давам чај и вода за да се оддолжи времето на јадење, односно да јади на 3 часа(што и на толку јади) бидејќи било повеќе во килажа од тоа што требало. Ве молам за совет дали е поголемо или си расти нормално...