Колку е родено? Ма колку и да е 6 кила не многу. Едното на 3 месеци беше 5700, другото 6100. А родени пред време и мали. Какви чај и вода што не се ни даваат на толку мало бебе
Па нели викаат вода и чај не се дава до 6 месеци? Шала на страна не ти е големо бебето, не слушај никој и на никаква диета не го ставај нек си јаде бебе.
Мене за првото ми рекоа на 6 месеци треба да има дуплирана родилна тежина а на 1 год да се триплира тежината, тоа бил идеален раст на бебе.Намсли ад и дој го почесто, никаков чај и вода.
Мене ми нема смисла ич тој муабет. Еве малиот се роди 2100, на 6 месеци по ова треба да биде 4200 значи да качува по 350 грама месечно или на година да има 6 кила? Таа математика е тотално фалична.
Бебе несака да ми спие. Веќе 2 ден. Заспива го ставам во кревет се буди за 10мин. Скоро 2 месеци сме.
2910 се роди. Не знам малку се изгубени, не е педијатар туку на контрола каде што се носат и вакцина прими. Го гледа и вели ама и долг е многу. Ајде ќе го скусам јас и на диета ќе го држам.
Глупости и моето е 5500 сигурно сега веќе 6 кила, во систина се радуваат и ме тераат да продолжам со ексклузивно доење, само ми зголемија д3. Смени си педијатар. Инаку родени сме 3 кила ние и на 8ми ниември правиме 3 месеци
Се исплашив бидејќи секој пат кога одам различни доктори и сите истото бајги крева на килажа, не знам вака така. Па значи во ред е бебето си се храни и си расти.
Моето е родено 3900. На 3 месеци имаше и повеќе од 7кг. Само на Ад сме. Ми спомнаа на вакцинација малце да внимаваме дека сме на Ад ама ништо посебно, бебе си мрда, пргаво е не би требало да има проблем.
Бебево ми е родено 3720гр, вчера правевме три месеци и е 6650гр, цело време многу напредува и ниту еден не ми рекол да му одложувам храна, и тоа моево е на ад, секогаш му давам на 3 часа некогаш и 3.5-4 часа знае да претера, чај воопшто не пие вода не ни помислувам да му дадам а и најглавно од се е што многу повраќа. До него си е супер си напредува во овај случај педијатарот ваш би ми рекол да го хранам на 5 часа сигурно
Ја на моево почнав да му давам кашички за проба од тие што се од 4 месеци и кога ќе ја тргнам кашичката се утепува од плачење. А кога ќе види дека ја носам се тресе од радост целиот. Што ќе му правам вака не знам
Да од бсж. Успешна вакцина. Може и да загнои, па да се исупи али ич да не се секирате, нам ни фекоа дека така баш треба.
Мојата е 2 месеци и 6200 гр. Не ми имаат ништо речено, на доење сме и тоа имам стресен период скоро воопшто без храна бев над 10 дена, а таа исто напредува од млекото. Големиот беше 6700 на 2 месеци, за него ми велеше педијатар дека е многу, ама не правев никакви рестрикции. Еве го сега на 7 години е скакулец и давам сируп за апетит. Нека си дојат колку сакаат, ќе видите колку ќе ставаат помалку ко ќе се активни.