Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.317
    Допаѓања:
    259.540
    За крвната слика, според докторката во Соба за доење, дете кое е на доење ретко може да биде анемично, а сеа ве читам обратно. Има разлика во хемоглобинот, обично е помал од оној кај деца кои се на АД, ама далеку е од анемија. Крвна слика правевме на систематски, на 3, 6 и 9 месеци, и секако кога имаше потреба. Вие одите на систематски?
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Секој месец до 9 месеци одевме на систематски, и следно на година ми рекоа. Така беше и за син ми. Кај нас ако хемоглобинот е под 100 до кај 95 на пр.препишуваат и терапија а во соба за доење др,вика дека тоа не е анемичност, т.е дека е ок.
    Не знам, ние бевме супер со хгб.
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Ние сега сме на систематски овој месец, на полни 9 месеци.
     
  4. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Каков систематски жени? Јас го носев на мерење, го измери, нека цица убави сте, за кожа еуцерин, за носе вриј камилица и ставај физиолошки и ајд дома. За вакцини оди до диспанзер, тоа после 3 месеци ќе го носам нека зајакне малку. Тоа! Инаку за егзема, трпение! Јас 1 месец се борев и накрај еуцерин ми помогна, купката е закон. Внимавајте водата кога ги капете да не е претоплс и од тоа се суши кожата. Редовно мачкање со крема, кокосово, или што и да ставате за лице, само да се влажни постојано. Менување на три дена креми за да знаете што помага.
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Дерматитис може да е реакција и од вакцина, затоа редовно и повеќе на цицање и трпение. Јас го држев постојано до мене на цицање за да се хидрира кожата и од внатре, џабе креми нели ако организмот се бори.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Епа на три месеци и сме ги носеле тоа викаме цело време.Ние во систина бевме.Покрај мерење на висина и тежина ни мереа обем на глава,проверка на грло,дишење,рефлекси проверува со седнување ,станување.Проверка на крв.Сметам дека во првата год се важни овие рутински прегледи на 3 месеци за да се прати развојот и напредокот на бебето.А после бар 2 пати годишно.
     
    На JuLleE, TIGARCE86 и Domakica им се допаѓа ова.
  7. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    406
    Пол:
    Женски
    Моето бебче е скоро 2 месеци, ќе си го носам во систина тогаш или некаде на друго место приватно, оваа под фонд нешто не ми е заинтересирана. Мајка е сепак најдобриот педијатар изгледа :)
     
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Нас ни е матична во неуромедила и ептен сум задоволна од педијатарот( не плакам ништо). Плус нема гужва кога одиме и топличко е. Приватно е ок, но мислам мора да се има и матичен за недај боже, упат итн. Е сега недај ноже ако има нешто итно или по сериозно нормално ќе ја носам и приватно..
     
  9. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    69
    A moze da mi kazes koja e lekarkata zasto I nie sme vo potraga po maticen pedijatar, dosega odime vo Sistina i sme zadovolni no ni treba I maticen veke... Fala ti odnapred
     
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Еден е педијатар, односно педијатарка :). Работи со смени, не се закажува. Јави се во неуромедика ке ти кажат која смена е. Еве оваа недела е прва, јас сега ке ја носам малата настината е. Па ке пишам овде што сме направиле. Еве ти бројче 023133313. Заборавив да спомнам дека доколку имате потееба слободно може и на телефон да се консултирате за било што :)
     
  11. lavaleta

    lavaleta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    69
    Fala.ti mnogu, ke se javam I ke odime...ajde I toa da.go sredam veke
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво!
    Уште несвесна и збунета од транзицијата од тема бременост тука... Сакам да Ве прашам во однос на цицање и спиење.

    Од враќање дома, детето е само на доење. Вака генерално, немаме некои проблеми, не е многу кенкаво и плачливо.

    Она што мене ме нервира е спиењето. Мајку му, што ќе да беше тоа спиење, мене не ми е јасно. Преку ден спие само еднаш по 2 -3 саати, а навечер ако не ја разбудам за доење може комотно 7-8 саати споени да си ги отспие. Некако чудно качува на килажа - на пример 4 дена немаше ништо качено, па следните нормално си качи, па пак 4 дена само 40 грама... Некако нема континуитет. Пробувам да ја дојам на 2-3 саати, ама некогаш на саат време е на цицка, некогаш 4 саати си отспива континуирано (навечер).

    Ја дојам така подзаспана, да не и е стрес и да може да си продолжи да спие, затоа што ако се разбуди, после е молење за спиење.

    Не знам дали е ок вака со темпото, ама колку и да пробувам едноставно ова е живо суштество и не можам да ја програмирам да цица на 2-2,5 саати.

    Ве молам споделете искуство некое, или некој совет...
    А инаку, ништо поразлично не правам во деновите кога качува и деновите кога стагнира со килажа.

    Патем, детето е 23 дена.

    Благодарам.
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Рано е уште за некое си континуирано темпо или ред да има. Не се секирај не е ништо чудно ни страшно. Само следи си го детето и не се труди да “наметнуваш“ нешто сосила доколку детето си спие (особено навечер) и си цица. За килажата...не ми е јасно, ти го мериш секој ден? Не се секирај мајка, ако детето си напредува добро, а тоа се гледа најчесто месечно, не е важно дали тоа континуирано качува или периодично како што велиш.
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Мајки, јас имам прашање.

    Малиот има 4 месеци. На АД е, не сум му дала уште ништо друго. Пред 2 недели качи температура, не беше многу висока (највисока 38,2), почна да кашла, го однесовме на педијатар, му препишаа сируп за искашлување. Почна сирупот да делува, температурата не се спушташе, апетитот скроз го снема. Отидовме на лекар, рекоа дека има вирус и воспаление на увото. Покрај овој сируп кој веќе го пиеше, му препишаа антибиотик за увото. Се симна температурата, увото веќе не го боли, апетитот си се врати, малиот си е сосема нормален и расположен.....За цело ова време има промена во столицата. Почнаа да му се појавуваат посветли точки, како недообработено млекце. Изгледа како сусам во пампесот да има (многу се извинувам на описов :tmi: ) На сите доктори каде што бевме им го кажав ова, демек од настинката и од сирупот било, да се стабилизира и ќе се среди. Последен пат пиеше сируп во петокот попладне. Од тогаш нема промена во столицата, уште се појавуваат тие посветли точки, си јаде нормално, а кака по 3-4 пати дневно. За колку време би требало да му се смири стомачето од антибиотикот, да му се нормализира столицата? Дали би требало да се смени АД млекото, и дали има потреба пак да го носам на педијатар само за столицата?
     
  15. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мила и ние кога бевме на антибиотик Малиот имаше чудна столица некоја златно-кафена потечна, и различна од вообичаено тоа траеше од како го прекинавме антибиотикот 5,6 дена повеќе не ќе се среди не се секирај,сепак се многу мали мене ми делува антибиотик да пијам на стомак столица не нив 4 месеци,ништо не му е уживај... :)
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    @Kaetana не се обидувај да го програмираш бебенцето, зашто неможеш :) Како што и нашите потреби не се во секој час исти, така и неговите.
    Нема потреба да го будиш ако подолго спие, кога ќе се наспие самото ќе побара да цица. Плус, ќе приметиш дека ќе надокнадува во текот на денот додека е будно, значи може да побара да цица и на саат време. Давај му кога сака и колку сака да цица.
    Најдобро да се мерите еднаш месечно за да видите дали има добар прогрес. Вака неделно не е многу меродавно.
     
    На Kaetana и joy1 им се допаѓа ова.
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    @green.eyes после секое примање на лекарства, нормална е промена на столицата а бидејќи пиел малиот и сируп за искашлување може и да е делови од шлајмот во столицата, затоа што мали бебиња или го повраќаат шлајмот или го исфрлаат во столицата, не можат како возрасните да го искашлаат.
    Мислам дека немаш потреба да го носиш на педијатер само ради столицата а за промена на ад млекото, нели се прави тоа кога ќе направи малото 6 месеци?
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @bittersweet , не знам за на 6 месеци, последен пат кога бевме на контрола (во четвртокот) за исхраната ни кажа дека можеме да почнеме да му даваме да лизнува од се што сакаме :| Искрено, немам намера да му давам да лизнува од се, би му дала само некои 2-3 работи, малечок е многу за да проба повеќе работи. Кога и кажав за столицата рече дека е нормално и дека ќе се стабилизира за некое време. На 5 месеци треба пак да одиме на контрола, да се договориме со што да се почне да се дава во исхраната (домашни кашички, сокчиња никако). Бидејќи му се нормализира апетитот и си јаде доволно, мислев дека веќе и столицата треба да биде ок, ама изгледа ќе почекам уште малку :) Како и да е, ако не се нормализира до крајот на неделата, ќе ја барам да ја прашам за совет. Ме исплаши со тоа воспалението на увото, страв ми е пак нешто да не закачи, па затоа сум нестрплива за столицата :|
     
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Мајки што помага за запек најдобро освен слива,кајсија тоа пробавме.Три дена се мачи,црвени,се стега и ништо на крај.
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Пробај со тиква.
     
    На leona83 и joy1 им се допаѓа ова.