Мајки, предлог за влажни марамчиња со вода, моментално ги користиме на Виолета 99% вода. Никако да се ослободиме од брунки во пеленска регија, сменивме памперси, сменивме крема, многу често пресоблекувам, ми остана уште да сменам влажни, не ми остана ништо друго.. или совет за пеленски дерматитис, некоја крема, било што..
Во што ви спијат бебињата во дневна? Во транспортно? Моето досега спиеше на тросед ама веќе ми е страв така да го оставам.
И дополнително прашање. Последнава недела малото почнува кај 9 навечер со плачење и ништо не го смирува.. тоа трае три часа некаде, некогаш помалку, некогаш повеќе. Дали е можно да се грчеви?
Дома користам суви марамчиња/туфери кои ги мокрам во вода и бришам. Влажни ептен ретко користам кога сме излезени надвор. Пробај со babylove на база на вода или water wipes но многу се поскапи.
Пак јас, ми дадоа 5 круши непрскани. Како да ги складирам за февруари? Излупени на половинки? И така по пола круша во кесе? Колку уствари се става по оброк?
Тото марамчиња па со топла вода ќе ги топиш. Е сега 100 и нешто ден се, ама со едно вршиш работа да избришеш убаво, зашто се големи.
Јас со виолета бришам и после со суви марамици ги влажнам па пребришувам и на крај само со сува тапкам да исушам. Тоа кога е навечер касно, преку ден ако е покакано под чешма мијам. Инаку судокрема користам. Имаше и моево некои чудни бубуљички доле, па на педијатар ми рекоа клотримазол да мачкам. За една недела помина. Памперс премиум користам досега ми се океј.
Колку време трае затнато носе кај бебињата? Вака нормално цица, ама на звук звучи затнато. Секој ден прскам по неколку пати, особено навечер.
Да мила му се сменија од светло плави на темноплави накај сиво. Дај боже са му останат така ептен му се убавки но може и понатаму да се менуваат. Нек се живи и здрави само
Мајки хелп.. денес не се чувствував добро носот ми течи, и сега многу ладно ми стана мерев температура имам 37.4 Го дојам бебчето. Како најубаво да го заштитам да не се разболи и тој? 2 месеци е многу ми е страв дали може да го разболам? Да продолжам ли да дојам? Секој совет е добредојден.