Јас како што имам читано, најдобро е да доиш во моментот. Твоите антитела што се создаваат додека се бориш со настинка, ќе се пренесат во млекото.
Баш ако го доиш нема да префати затоа што преку млекото одат антитела кај него Ние неделава сите дома имавме стомачен вирус освен бебето, тој не се зарази бидејќи го доев
Не, нема солзаво око ако мислиш на запушен канал. Има минимален оток во аголот на едно око и делумно препокрива долен капак. Ја носев на преглед ништо не се промени па сега барам второ мислење
Јас бев болна, поточно сите бевме ко беше еден месец, ја доев без маска, без ништо, и не префати. Дои слободно за антитела да има. Ко имаше 10 дена големиот беше со висока температура и тогаш не префати. Е сега пак е болен ќе видиме како ќе е овој пат зошто ја гушка, се надевам заштитена е пак.
@le.dentiste Може мислиш за Беким Татеши, тој е од клиника но еднаш неделно прави прегледи и во Систина.
И мојава е иста, веќе не знам што и е и што да правам. Плаче цело време и во раце плаче и кога ја шетам. Заспива кратко се буди и пак исто.
Јас користам слипи некои од зегин со 99,5% вода и до сега не сме имале проблем. Пробај и ако можеш земи ја и кремата на веледа од невен мене за еден ден ми смири црвенило на бебето од памперсите од болница.
Ние кога бевме имаше и поголемо детенце. Да, во Систина офталмологија ѕвони, прашај ќе ти кажат повеќе информации.
Моето е 6 месеци уште нема сменето. Обожава да е дома и моево бебе. Мислам дека галама и голема стимулација му пречат. Сите зборат, сите на него по некој збор,ту мач му доаѓа. Па и низ раце дека е, не сака баш, дома е научен на под у негов дел со играчки. Кога одам сама со него кај една другарка е посмирен, потивко му е и повесело издржува да доседи.
Баш сега читав за првиот скок и гледам покажува некои знаци и на тоа. Може и во скок и со грчеви сме. Веројатно не останува друго освен да издржиме Ако најдеш некое решение пиши, и јас сум во обиди
Се супер кај вас. И јас еве на пример одам кај една другарка со бебе (мажот и на работ) кај друга исто, кај братучетка исто само она и дете 10 години, значи нема премногу особи/очи вперени во нив. А они ко во врел котел да сме влегле, кај и да е, влагаме и вриштат плачат без прекин никако неможам да ги смирам. Истите луѓе кога ќе дојдат кај нас не е така, они се опуштени и лабави (ко домаќини нели )
Здраво мајки.. Малиов се нафрла по цела глава а гледам сега и позади на врат има и напред накај градите..прво мислев се чисти од хормоните ама ова веќе многу се прошири..Дали сте се соочиле со вакво нешто?
И ние бевме вака, и на градите, лицето, косето, вратчето, ама се исчистија сами од себе по недела две. Ама ако се мислиш прашај педијатар.