Релаксторот, он го успива и си продолжува. Мене ми е спас, ја лула и и она си ужива. Да, исто, нормално е.
Првито имаше ама мислам само на лице ..ова почна на лице па сега се шири.. Ми е страв да не е атопичен дерматит..
Како исплатлива варијанта еве јас како направив. 5 тетра пеленки ги однесов на шнајдерка, ми ги исече секоја на четири дела и ги пораби. Така добив 20 парчиња кои ги користам за бришење, ги мокрам топла вода, бришам и на перење. Многу практично и подобра опција од влажни, а ги заменуваат сувите марамчиња. За пеленска регија ништо не ни помогна, само маслото од Веледа. Секојдневно само него си го користам, оттогаш се нема нафрлено.
Ние сме пред крај со третиот,не е нешто страшно но бебе е кенкаво, се смее па плаче одеднаш, не сака да јаде па гледам ако го фати дремка да му бутнам млеко. Јаде само во вечерните оброци без проблем. Инаку и онака не спиеше преку ден нешто многу но сега со скоков е катастрофа, по 10-15 мин. Ако е во количка надвор може и до пола саат да спие. Битно спие навечер а и јаде тогаш како што пишав ко да се смирува бебе од се
Знаев дека така ќе да е одма осетив сабајле, нервоза кенкање, и драми при јадење. Дремна 15 минути а му се спие му се плаче. Добро… се надевам нема да е многу страшно. Зошто иде четвртиот за тој психичку се спремам
Јас никако не ги осеќам скоковите. И со синко исто. Бебиња се и олекувам и да плачат и да не спијат. Термин имав 6 ти август, ај нека ми пресмета некој во кој скок е?
И јас немам појма дали е во скок или не е инаку е мирно бебе. Во последно време не сака да цица па можеби е во некој скок и кога и се спие плаче многу. И мене ако сака некој да ми пресмета за скок, термин ми беше 11.07.
Забава Нешто од нашето секојдневие: Штрајк со глад Вриштење пред заспивање Вриштење на спуштање во креветче Кенкање без причина по цел ден Шетање у раце, па некад ни тоа не е доволно Будење од сон со плачење на рандом интервали Е кај нас е вака ×2