Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски

    Јас не ја мерам, туку на педијатар. Се погоди да одиме за папочето почесто и башка да се види дали после отпуштање од болница се воспоставило доењето како што треба.

    И ми кажаа интензивно доење на 2-2,5 саати и дење и ноќе, 10-12 подои дневно. Ама не можам колку и да сакам да ја наредам така... Некогаш еден подој трае еден саат сосе пауза за пресоблекување...

    Навечер почнав да ја будам на 4 саати, ептен да не е на 2... Некако шубе ми е да ја оставам 7 саати...

    И уште едно прашање - после секој подој бљуцка, често ика, и тоа е ок, ама денес некако количински ми бљуцка...

    Нешто за смирување иако не знам што па би се дало на толку мало дете... Ама гледам па по пелени, си моча и си кака редовно...

    Извинете, може се ова е нормално, ама барем да си потврдам...
    Благодарност!
     
  2. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    38.370
    Пол:
    Женски
    Отκаκо е ρоден неρедовна столица има,но беше течна,сега κога почнавме со цвρста хρана κаκа на 4дена но твρдо и обилно. Сρеќа не се мачи,не плачи,тогаш моментално стенκа го ρасоблеκувам и се олеснува.
    Κај нас забележав помага κρушκа.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мислев на ад млекото, тоа обично е едно до 6 месеци а од 6 месеци друго, се прилагодува со додатоците спрема возраста.
    За плус дохрана, мали сте сеуште, ќе си гледаш спрема бебето, моиве дечки почнав со пробување на храна на околу 5,5 месеци, со менување на оброк почнав од 6 месеци.
    Инаку за увото, гледај секогаш кога сте надвор да си носи капа, тоа е единствена заштита од воспаление на увото.

    @Kaetana многу е 7 часа на толку мало бебе, барем на 4 часа да се подоите, ќе се навикне на подолг период да се храни и нема да напредува како што треба.
    Сите бебиња бљуцкаат, рачунај сега желудникот им е со големина на орев а ќе се изнапие млеко и вишокот мора да го исфрли и икањето е нормално и не е знак дека на бебето му е ладно.
    Чим спие, мокри и кака редовно значи дека е најадено и среќно бебе.
     
    На Kaetana и green.eyes им се допаѓа ова.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Што за смирување?За икањето или бљуцкањето?Ништо ни за едно ни за друго.До 3 месец често ке ика и кива и нека не те лаже некој од старите лимон или шекер да даваш за да прекине.Може да бљуцка ако е прејадено-ништо страшно.
    За доењето и спиењето е мн рано за било каков ред.Не знае што е ден а што нок.Кога бара ке даваш да цица кога спие нека спие.Користи го времето да одмориш дур можеш.Моето незнаеше саглам да се нацица па до скоро цицаше без ред на секој саат и пол а има скоро 6 месеци :)
    Ноке никогаш не сум ја будила .Ако стане и давам ако не стане велам фала ти боже што се наспав.
     
    На N.Kety и bittersweet им се допаѓа ова.
  5. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Бевме на педијатар. Ни даде капки Ефедрин и инхалација 3 пати на ден 3-4 дена. Ако не помине рече ке треба со аспираторче да се исчисти секретот во носот. Односно тоа се прави со црево, се ставало во носот. Некогаш од еднаш помага, а некогаш постапката се повторува 2-3 пати. Искрено многу сум исплашена, како тоа на мало бебе ке му бутаат црево во нос???;( Окцето уште и солци, каналот е сеуште затнат и заради тоа состојбата е уште покомплицирана :(. Дали некој чистел носе со такво аспираторче?
     
  6. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Немај гајле ако е мала знае колку и е доволно, преку ден ќе си надокнади за тоа што и потребно верувај ако е гладна нема да спие,ни 4 саати без да се разбуди така да убаво и е на душичето се погодено ,,секако нека цица колку сака кога сака,и син ми првиот месец беше ист по цела ноќ спиеше педијатрот ми велеше буди го ама затоа дење си цицаше супер, никогаш не го будев веќе вториот месец малку по малку си дојде на себе,стануваше на 2,3 саати и до ден денес качува по 1кг.месечно,штом си кака убаво има мокри пелени се е во ред,најубаво после месец дена оди на мерење... :) добредојде Мами во Темава
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Чоколатке не се секирај ич јас на син ми кога беше болен 10 дена по 3,4 пати дневно му го чистев со таков аспиратор и со солени капки,има тенко цревце од кое едниот дел се става во носето на бебето другиот,во устата на тој што ќе влече и се вади,сосема е безебеден никако не може да се повреди ние го имаме овој по препорака од снаа ми Nosefrida и сме презадоволни околу 490-500 ден е од Зегин земи го и мака немате :D позз до вас со лесно побрзо да ви помине :***
     
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Не со таков Тигарче, тој го имам и јас. Ова е постапка која ја врши доктор а не дома. :(
     
  9. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Не те разбрав убаво изгледа зошто мора доктор да го прави тоа кога ти веќе го имаш дома???не ми е јасно што е поразличен тој аспиратор?
     
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Со тој се навлегува уште по длабоко во носето, по длабоко од овој дома што го имаме. Ако не помине за 2-3 дњна че барам и второ мислење. Ова с цревото некако не ми е по ќејф :(
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.928
    Допаѓања:
    203.184
    Пол:
    Женски
    Чоколејд, тоа е аспирација на секрет, и не е страшно колку што звучи. Малку поинвазивна варијанта на домашните аспиратори за нос. Полесно ќе дише после тоа. А за окцето не ви кажаа да правите масажи? Обично до годинка се отвора каналот.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Тоа се прави на оториноларинголог, аспирација се вика. Не е страшна. Се вади секретот од синусите за да не се симне во плуќата. Не боли ич.

    Ова ако ептен има секрет детето и не може да дише.


    Едит - не видов дека Annath пишала веќе.


    Значи мајки, да ја будам на 4 саати е сепак поприфатливо отколку да ја оставам... И мене не ми се остава дете, ама толку контрадикторни мислења не сум слушнала одамна... И се сум понервозна во овие 20тина дена.

    А за бљуцкањето се замислив, оти откако се роди во болница вториот ден повраќаше, па и дадоа нешто таму, и си реков тоа да не се повторува сега пак...

    И јас мислам дека бљуцка вишок оти често е на цицка.
     
    Последна измена: 2 февруари 2015
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мене пред да се породам ми правеа аспирација на нос, ич не е страшно, не ни осетив кога ми го стави цревцето, тенко беше. После тоа дишееев:)
     
    На chocolade и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Батали ја мила нервозата можеш млекото да го загубиш а и бебето се осекја.Тек е почеток.Допрва идат грчеви,заби и еден куп слатки маки.Ке надминеш се :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    29.157
    Пол:
    Женски
    Исто правевме и ние.. На 3,6,9 и после годината. На 9месеци хемог. ни беше 113,а на после 12месеци ,119. За само доено дете педијатарот ми рече дека е сосема во ред

    Едит:преку тел пишувам и не видов дека ме однесе страница назад каде се пишувало за крвните слики. :(извинете
     
  16. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговорите. Не знаев дека сум волку слаба. На најмала настинка јас плачев денес, не можам да ја гледам како се мачи. Мм вика дете е ќе биде и поболна кој знае тогаш што ке сум правела. Ама ај си викам ке отрпнам валда :( @Annath ја масирам веке скоро 2 недели и нема никакво подобрување:( Посакувам на цел свет сите деца да се здрави и срекни...
     
    На green.eyes, irenna, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Исто мила син ми κога беше болен цел затнат едвај дишеше,се убив од плачење бидејκи неможев ниκаκо да му помогнам побρзо да оздρави,ние мајκите сме многу јаκи за се ама мајчиното сρце,неможе да издρжи да го гледа своето дете болно,маκаρ и една обична настинκа не κρши ниκој дρуг неможе да го ρазбеρе тоа освен ние и затоа се чудат,ќе помине не се сеκиρај таκа ρастат деца :)
     
    На chocolade и joy1 им се допаѓа ова.
  18. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Ич не се плаши не е ништо страшно.
    Малку е непријатно, ама кратко трае, 5-6 секунди.
    Да ти кажам на ќерка ми колку секрет и излезе од носето првите два пати. Ама после си дишеше нормално.
    Ние бевме пред месец дена, малку плачеше, ама после тоа како ништо да не било.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Леле знам... Ама искрено не бев спремна за ваков умствен хаос. Мислев дека има универзални правила за новороденчиња. А се сретнав со многу различни мислења од сите страни - педијатар, другарки, мајка ми... И се се па и контрадикторни...

    Давај повеќе вигантол, па не давај вигантол, широк повој да, па немало врска, буди дете на 2-2,5 саати, па остај дете да си спие колку сака... Нека цица само на 2,5 саати оти да имало време да се свари храната, па не, убаво било слободно доење - дете кога сака и колку сака... Двете гради на еден подој, па една града на еден подој...

    И сето тоа измешано со неспиење со денови = побудалена мајка...

    Работава изгледа јас треба да си одберам што ќе правам... А си мислев дека има пишани и непишани правила и тоа е тоа.
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
    На TIGARCE86, Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.110
    Допаѓања:
    328.817
    Пол:
    Женски
    Ме расположи твојата искреност и сосема си во право :)
    За 90% од нештата ке си го следиш својот инстикт а само 10% препушти им на докторите,пријателите.Нема пишани правила кај бебе,пошто бебето е живо суштество .Капки ке даваш онолку колки ке каже лекар и никако поинаку.Тоа е за цврстина на коските и мн се битни.Како ке го облекуваш,дали ке го шеташ,кога ке цица..одлуката е твоја ке си го следиш бебето.
    Зар бабите не ти спомнаа дохрана хаха?Тоа како прв совет го добиваме сите доилки,демек млекото ни било слабо ;)
     
    На Cuci81, TIGARCE86, slimy и 3 други им се допаѓа ова.