Така е до прва половина на 9та недела, не се нервирај само пробај да најдеш како барем малку од малку да го смириш. Јас штрајкот со глад гледав кога ќе дремне да ја извлечам цуцлата лажачка ( искрено не ми успеваше секогаш ) и да му тупнам млеко, , жал ме фаќаше кога ќе ми текне дека е гладен. Ако се расони имаше вриштење а ако не се разбуди јадеше 20-40милилитри што е многу малку но се тешев барем нешто каснал, па ќе надокнадиме вечер.
Мамички на што спијат вашите бебенца? Моето спие во креветче ама без перница само на душек. Дали им ставате некакви перници и ако да какви? Од кога да почнам да го ставам на перничка? 2 месеца е бебчето.
Јас го прашав ортопедот за перничката со дупка во средина, рече може ако ја сака, некои не ја сакаат. Ние без проблем спиеме на таква перничка
Знам дека сум досадна околу неспиењево на моево бебе, ама јас веќе стварно не знам што е проблемот што не спие. Почнувам да се сомневам дека кај мене е проблемот. Пробувам се, се трудам ама џабе. Ако претходно десет пати заспиваше во раце и десет пати стануваше кога ќе ја легнеш накрај барем се предаваше и спиеше 2,3 часа. Сега толку време успивање за да спие само 15мин максимум пола час. И секое заспивање е со претање и пиштење, и како би заспала на толку претање? Мајки ако сакате критикувајте ме, ама не можам веќе нервоза ме фаќа, три месеци се случува ова трпение ред ќе фати ама никако да го фати тој ред дури и полошо станува. Каква мајка сум се прашувам некогаш, што не можам да си го успијам сопственото бебе?
Препоракуте се до 2 години без перница да спијат. Моето е скоро 2 год и купив ниско перниче, но не го сака и си продолжи да спие без.
Толку бев убедена дека сатот иде напред и дека ќе спие подолго и кога ми текна дека се враќа ми се стемни. Од 4:15 е станат ќе си умрам за спиење
И мене ми се плачеше кога ја видов во 4:20 исправена на креветче и расположена за играње. Не сакаше да презаспие со нишкање, па ја земав до мене и заспа некако во 5:30. Дремнавме уште 40тина мунути.
Надвор во количка кога ја шеташ дали ти спие? Мојата спие цело време и гледам да сме надвор подолго. Дома ми е бомба али бебе наспано
Мајки ве молам споделете искуство за вртење кај бебе. Ние сме 5+ и сеуште се нема свртено. На преглед кај ортопед се беше во ред.
Ако на прегледи е се во ред, ти можеш само да стимулираш, за да го поттикнеш. А сепак он ќе се сврти кога ќе му дојде моментот
Мајки имам по една кутија не искористени капсули Babytol D3+K1 и Babytol Omega DHA. Ги подарувам. Ако и требаат на некоја, ќе ви пратам по карго.
Моето се сврте прв пат на 6м иако постојано му покажував како да го направи тоа. За месец дена потоа почна да лази. Вежбај го ќе се сврти кога ќе е спремно, а ти спремај се за менување пелени наопаку.
Ви благодарам. Ќе продолжиме да вежбаме. Инаку што мислите дали да одам на второ мислење, бидејќи акцентот на прегледот беше на колкчињата и јадрата, читам многу подетални прегледи прават ортопедите во Ск, ние сме во помал град охх понеделнички станување со анксиозност на мах.
Знаев дека 4ти скок ќе ме помести и ќе тера интензивно од почеток до крај. Ама ова не можеше да биде полошо. Единствено потешко од 4ти скок, е 4ти скок заедно со вирус, па 4скок + редовен вирус + корона. И корона фативме. 3 години се исчувавме да не фатиме и фативме во најлошиот можен период, уште недолечени од првиот вирус. Кој сака нека честита! 3та недела ни сум спиела ни сум јадела, едното дете, другото дете, третото дете (муж ми) ја и со симптоми и со температура го немав тој луксуз да влезам под јорган и 3 дена да не станам. 3та недела терам со бебе што станува ноќе на пола саат, на 45 минути, на саат. Цицка само ако е поспан ќе прифати за разлика од ќерка ми која никогаш во ниеден момент во ниеден скок не одби цицање. И само во раце. Боже мили имам 2 модрици кај што го потпира главчето. Ме вртат рацете од раме до длан, зглобовите едвај ми функционираат. Кичмата и така ме болеше како резултат на спиналната, сега се поврза со цел грб. Едвај издржувам. Иронијата да е поголема, претходно бар маж ми можеше да го почува или заспие, сега паѓа за спиење ама јас дур не го земам ќе зајдува до помодрување. А и другото си го бара својот дел. Двете не престанаа да кенкаат еве 3та недела. Ми доаѓа некогаш да изврескам, и да избегам дур ме држат нозе да трчам далеку. Ете така. Извадив од мене. Сеа да го спремам малото морам да одам на тестирање за официјален документ. Пукнав.