@Yowannty лике-ов за поддршка. Ништо поразлично и кај нас. Големиот фати некој вирус 3 дена изгоре од тем, пред еден месец, од тогаш сеуште кашла продуктивно, а нема ништо, кс сјајна, чист на гради. Одговор: таков е вирусот. Малово пред две недели со тридневна треска, ајде помина. Ајде реков вакцина да примиме. Колку само лошо помина. 24 ч.константна тт, плачење, кенкање, гратис грчеви од ротата и на моменти повраќање. Од ноќеска со растечено носе еве го. Ноќе спиеше ама сега плаче и ноќе. Дење откако е роден не спие. Толку многу негативно му влијаеа овие вакцини, страшно. Се навикнав јас без сон, функционирам, али кичма и рамена си го зедоа долгот. Куќа немам време да видам, мислам можеме да се потпишеме на ламинат Денес пак среќа големиов е втора смена, па го анимира по малце бебо, да средам малку куќа. Единствена светла точка се двете запчиња кои блеснаа викендов. Жални се премногу кога се болни, ама мора да издржиме.
Не знам колку е и моево правилно ама јас така почнав да и правам и некако го фати редот, е сега може и она е спанка ама ни требаше време и нас , преку ден гледам на секој саат време да има дремка , колку трае толку 15 мин -15 ама не се откажувам , во раце заспива ја оставам ќе се разбуди ама пак ја пронишкувам и презаспива , следна дремка ја вадам надвор со количка шетаме , после наредна пак дома се пронишкуваме , јаде на 2,5 -3 саати , па се играме еден саат откако ќе јаде ,па ја заспивам и се така во круг, кога е преморена не сака да спие , роа кај dr.goodnight на фб го видов и полека почнав и јас , даде резултат , пробај и ти ден по ден малку мо малку ќе фати ред
А од кога треба да почнат да се вртат? Моето почна од 3 ипол месеци. Мислам секое бебе кога е спремно ќе си се сврти. И полесно за тебе не можам пелена да му сменам од 3 месеци
Женски да ве прашам , на колку време ги нпсите малите на ортопед? Јас изгледа направив некоја грешка жива се јадам. Прво не знаев дека е најтешко термин да се добие , на крај најдов само кај темелковски од кој воопшто не сум задоволна , ми рече после два месеци на контрола кај него ама јас не сакам ни да слушнам пак таму , целиот преглед се состоеше од продажба на гаки за широк повој иако се било супер . Сега сме два ипол месеци , дали да ја носам пак некаде на друго место или да ја оставам па кога ќе почне да лази да ја однесам ?
Мајки дали после примање вакцина му се намалува имунитетот? Утре ќе идеме да примаме (конечно), па дали во петок и за викенд да прифаќам гости?
И јас ја однесов на 43 дена кога имаше , значи да си закажам од прилика за тој период , си викам да не направам пропуст зошто искрено не знам дали ми рече на контрола по два месеци затоа пто треба или за да ми продава уште нешто , фала многу
Не знам стварно што да ти кажам , моето искуство со него беше такво , јас не сум многу да распрашувам доктори битно ми е да ми каже дали е во ред или не , но кај него прв пат се почуствував како да не сум на доктор , мислиш во продавница сум отишла , ја виде на ехо , демек супер е се ама за да биде уште по добро и се фати за гаките за широк повој , само за нив збореше , па ми покажува демек овие се македонско производство види ги не квалитетни , овие се српски многу квалитетни , 10 мин за тоа збореше , ни да ми каже вежби , ни витамини ,ништо , значи ништо, и пред да затвориме врата нели пријатно и ми вика Д3 зимате така , викам да , ок продолжете и тоа беше се , преплакав од мака дента
Off pa kaj da go nosam togas. Se mislev i za Sistina, no preteraa so cenite, 3.400 kje treba da platam.
Јас кај Александра Димова го носев, 3000 ден прв преглед, 2000 секој нареден. Има онлајн закажување пред некој ден отварав има доста термини. www.ortoped.mk Има повеќе доктори не е само она, можеш да си одбереш.