Не ме ни прашал педијатарот колку пие во 24 часа. Иначе околу 870-880 мл пие дневно, според килажата мислам е ок
Zdravo majki, sakam da prasam dali moze da se dava colief vo kombinacija so espumisan za grcevi na bebe od eden mesec
Јас почнав од 4 со вкусови. Немаме никаква мака сега за сега, си сака да јаде се освен некој зеленчуци, ги плука и се мршти. Мислам дека сите бебиња се различни па според тоа кажуваат кога да се почне. Исто сме на Ад и ние и многу напредува а и големо се роди, не можам да го задоволам само со млеко. Како тргнавме по кило на ден и повеќе сака да пие.
Ние сме точно 5 месеци, сега почнуваме со вкусови. На ад, од педијатар од советувалиште ми беше кажано да почниме.
Неколку пати пишав за истото ама ако, пак ќе си кажам. Исто бевме и ние, црвени точки ко брунчиња на газето кои од креми преминаа во црвенила долж газето. На крај фрлив креми, мачкам масло од невен на Веледа и е предобро, одма се смири. Од памперс премиум преминавме на слипи читајќи препораки на форумов и сум презадоволна, меки, памучни, одлично впиваат и еве месец дена сме без ниедна иритација на газето.
Ич да не се чудиш, што порано тоа подобро. Ние овде на прв преглед бевме на два, два и нешто месеци, другарка која живее во странство до таа возраст го средија проблемот со колковите со носење на соодветно помагало.
Се чудам зашто со првото дете ми пишуваше на два месеца, а не на еден. А во Систина кога се породив на ова бебе му правеа ехо.
Мајки здраво. Бебенцето ми е полни 3 месеци и се соочувам со два проблему. 1. Спиењето преку ден. Заспива само на града и ако го држам во раце спие, но веќе е 7 кг тежок ми е. Кога шетаме со количка, незнае да си заспие, туку плаче да го земам да цицне, да заспие и го враќам во количка. Незнам кај е проблемот гледам деца спијат уживаат во количка. Ве молам за совет ако сте се соочиле со ова. 2. Поседната недела константно фо лапа левото раче/палче, го шмука ли шмука. Цуцла не користиме, не сака, ама со ракава имам мака. Знам дека се учат преку уста, но ова мислам преминува во навика лоша. Благодарам однапред на споделените искуства.
Мајка за второто, црвено му беше палчето од што го шмукаше дури и рачето му беше цело мислам црвено од што шмукаше... период му беше околу 3м беше тогаш, 2 недели и сам си прекина.
Нема проблем со бебенцето мами Со цице сака и моето да заспива, а за количката секое дете е различно некои сакаат повеќе некои помалку некои ич не сакаат во количка и се е тоа ок. Рачето треба да го шмука. Не, нема да му стане навика
Мајки сакам да земам кенгурче па сакав да ве прашам дали сте користеле, колку време и од кој сте задоволни? Дали ќе ми биде од корист на пример за до маркет или до некоја продавница кога нешто ми треба да купам бидејќи живееме сами со бебчето а тато е на работа секој работен ден до 15 и 30, нема кој да ми го причува кога треба да излезам до некаде..
За спиење преку ден иста е мојата, еве ја на града ми е заспана, ако не цица мора потпрена да е. Ја чекам да заспие поцврсто за да станам или ако спие кратко одмарам и јас со неа. За во количка јас прво дома ја заспивам со цицање, па ја кревам в раце нишкам да не се разбуди и така излегуваме. Ако не е заспана не ми седи в количка никако, вака колку и да шетаме си спие. Ако се разбуди и давам кај што сме, на клупа негде настрана инаку нема смирување. За рачето најнормално е, почнува орална фаза од рачињата, после ќе пика се в уста, и стапалцата дури. Нормален дел од развој на бебе.