Се разликува кога бебето му почнува орална фаза и става се и сешто во уста за да истражаува и тоа не треба да го спречиш. Ова шмукање ми е делува дека е повеќе за смирување, рачето што си го шмука може и не ми личи страшно пошто немам искуство. Палчето може да му стане лоша навика. Јас ако се прашувам ќе бутав цуцла, не можам палецот да и го извадам од уста, цела вечер го шмука. Еве ако некој знае нека ми каже чаре. Имам гледано деца по 2-3 па и повеќе години со палци во уста, тоа не ми се допаѓа. Цуцла можеш кога тогаш да тргнеш, ама палецов нема да го врзам со завој сигурно, искрено не знам што ќе правам понатака. Така што и од хгигиенски аспект подобро е цуцла него ли прстот. Од друга страна полесно прстот ќе си го најде за заспивање него ли цуцлата.
@Mucika и јас сум ко тебе повеќе за цуцла ама несака. Ни првото ни ова цуцла да не видат. Јас и ја ставам и на гладно и на најадено, и на мирно и на расплакано само да ја навлечам ама џабе само ми ја плука. Дури ако пробам со сила да и ја задржам се закашлува, очи превртува мислиш сега црева ќе истури. Ама затоа не палче, цело раче бута во уста. Непцата и се набабрени чекаме запче ама абер нема. Јас па ставањетп палче и раче во уста со тоа го поврзував
За жал Памперс дава најмногу реакции. Првото на година вака се исфрлаше од нив и ги сменив во Пафис или Бејбилов. Инаку земам наизменично Бејби лив Натурал и Премиум и има разлика. Премиум не пропушта, Бејбилов да. Менувам оти Памперсот ми мирисаат па одмарам од нив малку Инаку и мојава ги шмука рацете и палецот и не сакам да и стане навика. Од цуцла и се повраќа, едвај почна да пие млеко од шише. Ама ај мирна е па не ни фали многу цуцла. Инаку преспива цели ноќи, и се ево ред, ама заспива во 23:30. Претходно дремнува или воопшто и не заспива. Сакам барем во 22:00 да заспива. Се буди околу 6-7 за цицање и спие докај 10 или 11, и тоа јас ја будам деновиве да цица. Преку ден спие по 15 минути, најмногу пола час. Седе во релаксаторот, и купив за на подот, лежи, ама супер би било да има едно поголемо преспивање во текот на денот и навечер да легнува порано. Претерувам со желбите нели? Инаку мене најискоритена ми е корпата на количката, бебка ужива. Вчера за прв пат ја ставив во кенгур и вритеше, ама после прифати. Зедов на Чико, некој прашуваше, велат добар бил
Мајки се боцнавме со шестовалентна и превенар и примивме рота. За симнување тт кој сируп да земам? Еден педијатар рече парацетамол, друг ефералган. Еден над 38.2 ако качи, друг над 37.5 и сега? И лепенки ставате на ноџиња?
Јас давам Ефералган, но можеш и парацетамол. Сируп/чепче се дава над 38.5, ете можеш 38.2, но никако 37.5. На 37.5 го расоблекуваш и тушираш со млака вода без глава, сируп не се дава. На ножињата можеш лепенки да залепиш, а можеш и облоги ациди борици.
Јас ставав лепенки ама само првиот ден, за температура имав Еферелган, ми рекоа да земам Далерон и да давам ако крени накај 38.
Завчера бебко ги прими без превенар само. 24ч имаше тт до 38.3 качуваше, ама омалаксуваше па два пати дадов Ефералган. Ама моиве деца качуваат тт при вакцина, и едното и другото еве. Од последнава рота имаше и страшни нагони за повраќање и грчеви.
Фала ви мајки. Баш сум исплашена како ќе ги поднесе. И јас сакав без превенар ама 3ца педијатри ми рекоа дека нема потреба дете пак да го малтретирам за боцкање, добра пракса е сите да се примат и маж рече ајде кој ќе го боцка пак за крвна слика.
Мене не ми направиле до сега проблем. Од старт кажав дека сакам само рота прво да прими, така и би. Ту мач мислам дека му се вируси со хекса, превенар плус рота, од кои две се прилично нови вакцини. Страв ми беше од не дај Боже дополнителни реакции. Сега уште превенар ни остана и раат сме до мрп. Со лесно нека ви е, ќе помине.
Јас го имам овој на Чико, од раѓање го користиме и супер е се. Една маана има што е до 9кг само а моето џинче има 8кг на 4 месеци и ќе мора да купувам друг. Инаку овој ми го одобри ортопедот за новороденче со "М" положба на нозете.
Тоа со рачето вака од страна ми личи прифатливо, ама палче Ја оставам уште малку си викам ај уште бебе е, ама после година ќе тренирам живци и мои и нејзини ќе ја одвикнувам некако
Јас сега го зедов на 3 месеци, ама мојата е 5300 гр така да имам јас време уште за носење До годинка може ќе го носи Јас дека на високо живеам затоа го зедов. Каква е таа вакцина превенар?
@LaDyDoLl Разбрани прилепчани Живци изгубив со овие од Јане. @anngelique Го имам и јас истиот, добро што посочи за кг. ете не ми текна да видам до колку е. Моето сега е 3м., 6400кг. Го користам за до градинка да го земеме поголемиот, па белким ќе сака да седне во количка дур направи 9кг. @JuLleE Превенар е пневмококна вакцина која содржи екстракти од најчести типови на стрептококи.
И ние земавме , од иста причина за нешто ситно ако ми треба дека сме сами со бебе , инаку на приземје сум па и со количката немам проблем за шетање , на мојот пишува од 5+ месеци , не сум го користела до сега , некако мала ми е многу , ја ставив се изгуби Овој го земавме https://www.freeon.mk/product/кенгур-comfort-8во1-2/
@Kolache na mama во Букурешт мене не ми ја ни понудија, а педијатарот баш ме предупреди дека е можно да инсистираат и на стрептококата
Ја прими и мојата, пнеувмока е овде. А чекајте има кенгури и според тежина? Мене ми е за скали, мојава си лежи во колочката.