Sega mi pisha matichnata , znachi kraen termin e 11+7 , znachi napolnata 12 , ne podocna ... chisto informativno
https://gostivarpress.mk/kako-i-kog...ini-protiv-rota-virus-i-pnevmokokna-vaktsina/ Секој пункт различно даваат ама краен термин на прва доза е 15 недела, моето бебе е родено на 15 јули а се вакциниравме на 7 октомври во Сандански и докторката рече: знаете ли дека денес ви е последен ден за ротата?
Мене болките во кукот ми продолжија и се уште ги имам. Коските ме болеа само два дена сега скоро, ама веројатно поради температурата од градите беше. Провери температура дали имаш
Даа еве 2 месеци уште ме болат а и немам сила у нозете ако сум клекната или било што Јас и лежев 9 месеци и атрофирана сум плус и тоа ми допринесува
Ќерче беше со температура и растечен нос. матичната ми рече да почекам 3,4 дена и да ја вакцинирам само за рота, не било проблем
Моево со затнато носе го вакциниравме. Се додека е афебрилно, и крвната слика добра ми рекоа дека може. За рота зборувам.
Од сите што пробав само со него имаше редовна столица, ама кратко и давав од него. Може така се погоди во периодот зелено да кака, па морав се што давам да прекинам и после се стабилизира само без ништо. А може и грчевите поминаа во исто време и се регулира варењето. Најдобри искуства за ваја прочитав тука. @Blue moon мене се ме боли. Не знам дали е од спиналната, или од што спиеме во едно ќоше со мм за да не сум многу блиску до неа зошто не сака в креветче. Или од што ја држам в раце овие дена почесто, битно се ме боли од кичма, раце, зглобови итн..
Вака укочена во зглобовите, особено колената ептен мачно е. Башка како @Cloverrrr, 9 месеци лежење...тоа плус. Мислев ќе пројде, период е, но ете два месеци како баба се чувствувам. Затоа прашав дали само мене ми се случува. И имате ли некаква идеја за решение?
Жени здраво пишувам малку доцна ама морам да споделам емоции инразмисли. Три месеци како сум породена, и се е супер. Бебуш е океј, не е некое тешко бебе или дека ми е прво па не ни знам што е тешко пто е лесно. Бракот ми е супер, од сопругот имам разбирање и многу голема помош но ете сепак имам денови во кои се распаѓам не знам зошто ваљда се хормоните се убив од плачење деновите некој да ми каже што ми е ако може ама стварно ми е претешко….
Мајки ХЕЛП бебе има црвени дамки како белег на долниот дел од грбот и влакненца, дали е нормално да има влакненца? Денес бевме на дерматолог за едно, се испостави тоа е ОК ајде сега друго ми стави у памет демек не е сигурно тоа, ама да сме осигураме. Во упатот ми има пишано ехо за spina bifida, кога отворив на нет памет ми штукна. Бебе нема абер од таква аномалија како на сликите, а како симптоми се спомнуваат и влакненца, црвенило и сл па ме интересира дали вашите бебиња имаат влакненца такви и дали си е тоа нормална појава?
Најверојатно се хормони мајка. И ја има денови кога си плачам, а следниот ден сум петка. Ќе пројде и ова. Јас лично мислам ако ти се плаче да си поплачеш, не го држи во тебе. Мислам дека бедоксин е безбедно при доење ако доиш. Сепак советувај се со доктор ако би пиела чисто малку за опуштање. Пробај да најдеш малку време само за тебе макар 20-30 мин (ако можеш и повеќе супер) неделно и нека се твои. Тука сме за поддршка
Хормони. Осаменост. Нова улога. Иста бев со првото. Со второво не сум толку осамена. Повеќе шетам, не се тресам на секој плач да трчам дома. Се договарам со луѓе, идам надвор. Ама тешки се деновите сам со бебе, кој сака нека каже. До вчера на работа, со луѓе,со обврски, и оп, ни у ВЦ не одиш раат. Мозокот преокупиран со бебешки каки, повраќаници, зашто ова, зашто она... Проаѓа, толку имам да те утешам.