Ух, па и не дава некои посебни знаци за болка вака и млекото го пие без проблем.. Ај ќе земам маст од аптека да го мачкам, се надевам не е толку голема болка и цуцлата ја трга без проблем.. Ви благодарам
Хормонииииии. Се убив од плачење зошто маж кога стигна од работа, викна од врата, зошто не крена на телефон, звонел да не ни требало нешто да ни купи. Сега смешно ми е, ама тогаш се изнаплакав и претешко ми падна, ден денес не знам зошто Ќе поминееее
Според мене најдобриот сируп, кај синко исто одма симнуваше, јас и не користев многу чепчиња, сирупот ми вршеше работа. Не, јас по лошо искуство со првото, сега ја вакцинирав. Спремај 150 евра, се плаќа овде. На крај сепак ќе бидам скроз во право кога велам дека треба да се остават цревата сами да преработат и дека сепак пробиотик се дава по потреба. Зборувам како човек кој има автоимуна болест на тенко црево и еве јас не користам секој ден пробиотик туку по потреба. И кај бебка приметив, по рота вакцина и давам пробиотик и одма има само една столица на ден, а обично си кака по 3 пати или 4, сосема нормално за доено бебе. И давав само два дена, и еве си се стабилизира. Да 7 капки, само што јас не знам како да ги бројам искрено и не можам да избројам оти ми прета. Давав и на синко и му поминува одма. Одлична е Вајата.
Еве 48 часа поминаа, само поспан е повеќе и нервозен, вака тт цело време нормална. Се надевам нема да качи. Ајде и вие така да минете. Исто ми кажаа дека се прочистени вакцините и малку несакани ефекти имало.
По 72 евра плаќам на доза, две се. Таа и пнеумоката исто е изборна и ја покрива осигурителната. Како не ти спомнаа? Таа се става на вториот месец и на третиот на систематскиот кај матичниот.
Супер, на сите бебчиња да им е со лесно и на здравје Инаку прашав педијатар ми рече да избегнувам млечно, барем една недела.
Мајки препорачајте ми пробиотик? До сега користевме биогаја, сакам да сменам, не гледам некој бенефит искрено во смисла да смирува грчеви. Давам и саб симплекс, сега еспумисан а претходно инфакол за грчеви. За неколку дена правиме месец.
Jas so diastop od raganje i davam. Ednas smenav na biogaya ama dzabe...i se vrativ pak na diastopot i sun zadovolna
Како бе така те распаметиле? Не личи воопшто за спина бифида не се секирај но да не ти е шубе направи си ехо. Знам по мене ако ми увртат за нешто, џабе знам дека врска нема пак ќе си испитам да си потврдам.
Мајки бебето мое има 2 месеци и многу спие, ако не го земам за цицање абер нема да побара.Навечер е побудно, се буди на секој час ипол, од сабајле кога ке станеме е буден пак околу саат време некогаш и два и после спие, еве денес станавме околу 9 заспа околу 11 па после се разбуди околу 12 пак се нацица продолжи да спие, околу 13 па му дадов да цица, излеговме во 15.00 па му дадов да цица тогаш се подразбуди 10тина минути, пак заспа еве сега пак го земав цица и спие.и така до кај 8 сигурно па ке се разбуди едно саат саат ипол и пак ке спие.Дали зашто често го зимам и му давам да цица се навикна така па не бара сам? Дали не го оставам да огладни? Дури на 10ти ке одам на контрола ама ве читам колку малку ви спијат бебињата па ме буни моево што спие.
Ќе те поправам, на невролог треба да оди. Мене така ме извадија од памет и тоа синко беше година, две.
@JuLleE како го гледаа тогаш на таа возраст? Мене сега ми кажаа дека на ехо се гледало до 3 месеци, ако било покасно ќе морало на магнет.. ова се земам со резерва зашто дерматолог ми го кажа. А ако е нерв не гледам разлика во возраст, за коски е друго. Инаку тука во детска болница ќе правам ехо, па после од таму ќе ме препратат кај треба. Инаку на последна контрола го прашав педијатарот за ортопедски преглед ми кажа нема потреба. Не сум во Мк и протоколите им се малку поразлични, на дерматолог бев за cuties marmorata или како и да се вика и ми го тури ова у памет. И да сакам да отидам на специјалист без упат од примарен доктор не можам. Консултирав и во Мк педијатри сите се као не е ништо ама да се осигураме проверете, е сега ние ќе провериме ама дали е тоа нешто што се лечи, повлекува, оперира никој ништо не кажува. Сакам да сум спремна на се, вака само ќе ме шетаат, ми спомнаа дека може да има проблем со продување ако е тоа. А бебе е едно живо, темпераментно не застанува, само прета, глава држи под 90 на стомак уште од 2 месеци. Секое искуство ми значи, фала ви.