Kaj mene posle doenje do kaj 3 meseci go fakjaja odma grcevi pistenje prvo mislev ne e najaden ama super napreduvashe polnese peleni od grcevi moze da placi nekogas..
Мајки, ве молам за искуство, совет, утеха... Беба носена на контрола на 3 месеци и има качено само 680гр. на што докторката рече дека е малку, она сакала повеќе. Само на доење сме, последниве месец и пол е само на мајчино млеко претходно давав АД еднаш до два пати дневно по подој (не секој ден и најмногу 60мл). Искрено ме стави на мисла докторкава... а бебе си врзува ноќе 3-4 саати, преку ден дремнува најмногу по пола саат, полни пелени редовно Родена е 3310гр, сега е 5860гр
Незнам на кој доктор ја носиш ама нека се преиспита малце. Педијатрите сметаат дека 700 гр месечно на почеток е идеално. Мојава е исто 3 месеци и има качено 710 гр. Родена е 3500, на мерење беше 6870, ама првите 2 месеци ми качуваше по 1500гр од прилика. На 6 месеци треба да ја имаат дуплирано родилната тежина. Ако продолжи вака твоето ќе дуплира на 4 месеци Така да докторката може да си сака сешто, ама ...
До 6 м треба да ја дуплира родилната. Вие на 3 сте скоро па дупло. Нема простор за грижа, бебе е ко по книга. Плус па што и си спие ноќе .... Бомбона
@V.N. @forumce @fana ви благодарам многу мајки умрев од грижа цел ден. Иако не ми е прво бебе, со првото педијатарот никогаш не ми спомна дека малку качил на тежина иако сега што проверив синко во 3ти и 5ти месец качувал од 600-800гр . Од памет ме извади женава, долна граница била она сакала повеќе
Глупости моето е 5500 само на доење три месеци, одлично напредува ми кажа Палчевска 700 грама за помалку од месец качивме, нормално е бебе вежба активно е стои на стомаче крева глава , не ми се јасни со терањето за ад. Искрено јас сум одушевена од Палчевска во систина. Поборник за доење и те бодри. Матичната исто со тоа ад запнува. Значи супер си е килажата инаку ние со 3 кила излеговме од нолница
Ууу, па и на доење, браво , како ви успева вака …. Палчевска и е битно само да оди нагоре. Мене ми рече со бројки не се замарам. Нејзе и беше одлично што ќерче прошли месец качила само 540 гр. Јас одма се загрижив и и реков значи ќе треба АД. Молам ми вика? Само доење. Одите горе , не доле. Не бројам грамови на ден за доено бебе. Исто весела е , пргава, што сакаш повеќе ми вика. Во Ремедика кога одев со син ми, само меревме и пресметувавме грамови. Па меревме подој. Која траума ја имав. На неколки дена, качило симнало. Мајка си го прејала, мајка си го изгладнела. Дај АД, недавај АД. И… Некако се опуштив. ја следам и не се замарам со бројки веќе. Башка што не сака да чуе за АД, еве сестра ми е кај Станка, она си е за доење+АД иако бебево напредува и повеќе од што треба.
@eli25 мојата ставаше толку зошто многу често и давав да цица поради жолтицата. Имав напишано нели и ноќе дека ми рече докторката на 2 саати да и давам. По 1500 стави. Е сега на 2 месеци се исчисти од жолтицата и ноќе почна да спие и не ја будам веќе, штом не станува значи не е гладна, сигурно нема цело време да става толку. Гледав по првото ставал исто 1500 првите месеци, после од кај 7-8 месеци до повеќе од година бил иста килажа.
@Black girl од кај 10-11 до 5 сабајле спие, тогаш се буди за цицање и обично презаспива пак до кај 7 и пол, 8.
Да и тој спиеше од 2 и пол месеци, дури и подолго и така до голем цела ноќ си ја преспива. Ќе видиме ова дали ќе смени, може е период само, рано е да се радувам.
Леле машала Како си со грб, кичма, раце? Мене се ме боли. Моето 4200 родено на 3ипол беше 8 кила без нешто ситно грамови. Сега 3 недели болни ми беа двајцата, скок, мислам дека намали цицање па овој месец не очекувам многу да има стаено. Тек за 2 недели сум на контрола. Девојки, има нешто што може да се даде на 4 месечно да му помогне околу кашлицата? Негде прочитав имало електрични пумпици за нос..имате искуство да предложите некоја? Имам со влечење со уста ама па немам толку сила за одеднаш, морам со паузи на неколку пати да влечам за да му исчистам носе.
Најозбилно никаква финта нема може што не спие многу денски, т.е не поврзува многу саати наеднаш, кратки дремки се, па ноќта надоместува. Јас ништо посебно не правев со двајцата, со првото имав среќа и за јадење и за заби и со спиењето и стално велев второ ќе ми наплати за се, ама ете засега супер е.