Може баш дека се големи имаш проблем. Ние сме 4100 уште 1 користиме памперс премиум, и дали само еднаш или два пати пропуштиле.
Мајки какви вежби им правите на бебињата? Јас по препорака на педијатар правам за ножињата, ги свиткуваме во колена до меше и ги шириме, така 10 пати. Сега последно ми кажа да ја дигам со рачињата нагоре до скоро седечка положба. Ми кажа и уште една вежба, ама многу плачеше на преглед и не се сконцентрирав А секогаш одам со еден тон прашања запишани од кои не успеав ни 2 да поставам
За колковите таа со отворање и затворање и за вратчето вежби со поставување на бебето да лежи на меше. Сега само за колковите ги правам зошто главата си ја држи стабилно, а и спие само на меше па доволно сам ги вежба другите мускули.
Не правиме. Воопшто. Ортопед ништо не ми спомна за вежби, а кога бев на педијатар ми вика се гледа дека правите вежби супер се развиени колкчињата Најдобро е да се остави бебе само да мрда како во нашиов случај.
Да не ги лепиш лепенките лабаво. Ми се случуваше предходно, земав ја стегнав поубаво и веќе не ми се случило. Памперс бејби актив користам
Baby love користам за по дома, а Pampers premium за надвор и ноќе за спиење. Само памперсот не ми пропуштиле до сеа. 4ка користам веќе месец дена. Имам од вчера за трзање на рака еден куп партали оти 2 пати прокисна. Кај мене кога го држи маж ми ако се искака двајцата се прокиснати до гуша. И во релаксатор кога е знае да прокисне. Тоа е поради притисокот што се создава меѓу нозете со раката кога се држи во раце или поради делот што поминува исто меѓу нозе во релаксаторот, и прокиснува од страна или позади. Кога си лежи сам на пример нема таков проблем, сем ако пелената е пред менување. Знаев и ноќе да го најдам шат пат воден дур му пробував различни пелени, само памперсот ми се покажаа најдобри за ноќе.
И мојата е толку во килажа и зедов Виолета 3ка, не пропуштаа ама толку се прават црвени линии и како згужвана кожата, жал ми беше да ја гледам. И кај вас е исто? Од babylove не се прави така.
Зависи, еве јас таа вежбата со кревање на рачињата до седечка положба не ја правев, па каков ослабнат тонус имаше бебе, двајца педијатри го приметија, отпосле кога почнавме да ја правиме одма се приметуваше подобрување. А ни на меше не го ставаш воопшто?
Мајки што овошје и зеленчук јадете додека доите? Јас дојам и више незнам што смеам што не? Лимунада може?Иначе имаме 2 месеци
Citrusni ovosja nikako, gi vlosuvaat grcevite. Barem jas taka znam i ne jadam, probaj ako e do tolku rabotava pa ke vidis dali ke ima problem, moze i nisto da ne bide.
На меше сам си се врти од 3, 3ипол месеци. Претходно го ставав, главчето сам го држи од прв ден можам да кажам. Можеби е и до бебчето на некои им треба стимулација на некои не. Секако во консултација со ортопед секоја мајка ќе одлучи.
Значи више психички ќе попуштам. Се' што ствара гасови не јадам. Мешунки, зелка, зелениш, ама капак ми е што ми забранија и млечни производи. Више не ни знам што да јадам. Свекрва ми ќе прави денес баница со праз и кажав дека ќе јадам, ама еве почна грижа на совест да ме фаќа бебе што гасови ќе има...
А зошто да не јадеш? Ќе си прди повеќе ако има гасови и готово, не е нешто страшно, не може да се изгладнуваш. Јас се јадев и пиев кога доев па немаше никаква мака бебето.
Да. Ама кога ја држам во раце на пеленчето и одма се губи. Користев кан бебе, ептен почнаа да прокиснуваат и ги сменив. Виолетата ми се супер.