Овие вежби со кревање се прават на 6+. До тогаш бебе на под и на стомак. Треба да научи да се врти од стомак на грб и обратно, се во свое време. Со ставање на стомак ги зајакнува сите мускули. Подигнување на бебето во седечка позиција кога ке ги помине овие фази. Со млитава глава е опасно многу,
Таа вежба се прави од 2 месеци натака. И никако пред да објасни педијатар/ортопед како се прави и дали смееш, може да се повреди вратот. Како што прочитав твоето е 4 недели, рано е. Ставај на меше, ќе ти кажат на ортопед што треба да правиш. Јас како што пишав претходно не правев ништо па бебе право, здраво, напредно. Се во свое време ќе си дојде бебињата не се роботи па да прават се по шема.
Здраво Дали ви се има случено вашите малечки да вриштат пискаат плачаат пред да заспијаат, многу тешко заспиваа Ова константно трае со месеции не е еден два дена цела недела Веќе сум очајна незнам што да праваам каде грешааам незнаам
Мајки здраво, ние сме 17 дена..веќе неколку пати дете ми останува без воздух, буквално го снемува...со сопругот сме избезумени незнам каде да го пднесеме, пишав на матичната нр ми одговара...ве молам ако некој се соочил со сличено нека пише каде да го носиме благодарам
Тоа е најчесто од што е преморено. Гледај отприлика колку е будно, кога ќе покаже знаци дека му се спие одма заспивај го. Исто и во скок правеше моето така, со сила се заспиваВме.
Да, обавезно на дежурен во болница, од таму ќе ве упатат кај што треба . Не е зафрканција тоа не знам што чекате.
Добредојде во клубот Кај мене и кога се преморени ама и кога прерано пробувам да ги успивам. Треба да бидам хируршки прецизна за да поминам со минимални плачки
Кога почнувам да мислам што ме чека добивам панични напади Деновиве визуелизирам како ќе ми плукаат кашички и пред време се нервирам
Не секогаш, ама да, се почесто се случува. И одма се препотувам од страв како ќе ги успијам. Кога ќе ми успее се осеќам како да ми се посреќило а не дека знам како Најчесто стратегија ми е да оценам кој прв ќе заспие и да го успијам тој додека другиот го држам барем до ниво на кенкање ( со музика, правење фаци додека го нишкам другото, мафтање со играчки и сл) Е кога ќе утнам е забавно
А баш сакав да те прашам како ги успиваш двете ако им се спие и на двете во исто време секоја чест ја со едно не можам на крај да излезам. А за кашичките, за зеленчук не сака да чуе. Уште кога ќе ја види кашичката има нагони за повраќање хахах што ќе му правам не знам. Да е благо ќе изеде еден тон.
Јас да се придружам само во клубот на мајки чии бебенца плачат, вриштат.. мислам дека сме во втор скок сега,10 недела сме, да ми каже некоја како сте поминале и колку траеше? Исто дали кај вашите бебенца некогаш сте приметиле фонтанелата да е вдлабната на кратко време? Прегеска се извадив од памет, го дигнав кога се разбуди од спиење и за првпат така вдлабната му беше...за кратко се врати во нормала.