Во легната положба не значи ништо вдлабната фонтанела, не е релевантна. Ако во исправена положба е вдлабната тогаш обично се работи за дехидрираност.
Зошто со ракавици?Мора ли да се прима рота иначе? Бебе сега има 2 месеци и 6 дена, на 10ти сме на контрола па после тоа би примале вакцина, следниот понеделник, не ми се носи на вакцина во петок пред викенд. Кај мене климата е цело време на 23-24 степени, носи боди на рамки или на кратки ракавчиња и шпикозни одозгора, без чорапи.
Да не е многу уморно пред заспивање? Види колку ти е будниот прозорец за возраста - моето се дере кога е уморно така
Разгледај ја Huckleberry Sleep Baby Tracker. Ја фалеа неколку членки, ја пробав и јас. Не беше лоша, но прекинав да ја користам бидејќи користев друга апликација за daily tracker и требаше да внесувам дупло податоци.
Вака обично два месевимтреба да де будни од 60-90 минути, три медеци од 90-120 минути. Инаку јас ја користам Huckelberry спликацијата и така научив како и колку и многу ми помогна ми истече пробниот период за проценка на време за спиење (бесплатниот) па сега се водам според ова горе од прилика колку да е буден. На 90 минути е веќе заспан ние сме на 8ми три месеци. Инаку многу добра апликација.
Мајки ај ве молам помош. Што освен книшка ми е потребно за во фонд за здравствено осигурување нА бебе?
Исто и јас по оваа табела , откако почнав какп друго бебе дома , јас појма немав дека така требало , прво дете , сама дома , како од марс падната, среќа што постојат групиве , сите совети и насоки од тука ми се
Извод на бебето и некои формулари од работа кај тебе доколку работиш и печат на книшката од работната организација
Какви активности/занимации имате со 5 месечни бебуши? Мојот е 5ипол и во последно време губам идеи. Имам 2-3 книгички со сликички и често ги гледаме, а најчесто е на под затоа што е цело време на стомак (и блјуцка по 100 пати). Финтата е што се трае 10 мин макс и во круг 2-3 пати ќе повторам се и веќе немам идеја што да правам, а тој кенка и досадно му е. Тв и телефон не му пуштам пошо не сакам. Му пуштам музика само. Многу време е буден, ем ранобудец и ја веќе до 11 не знам што да правам Ако инсте идеи за активности please share
Јас дојдов да си се искажам само. Ноќеска од 04 часот мојот почна со претање и немирно спиење, тоа траеше до 06 и нешто. Очиве ми паѓаат
В креветче ти спие или до тебе? Ко ќе се размрда мојата така во 5 со лицето се доближувам до неа кај вратчето и се смирува. Или за рака ја држам. Читав дека дишењето наше ги смирува и успива.
Со мене спие. Се правам. И раче и ноџе му допирам. И за главчето исто. Но пак така спие немирно. И твоето така прави?
@macalavica зашто лесно може да се зарази тој што го пресоблекува. Иначе не е задолжителна, ама е пожелно да се прими. На 4 месеци со втора доза рота што се прима друго? Превенар колку дози се даваат ако прва е примена на 2ипол месеци?