Јас не ставам ракавици, мијам раце ко и секогаш И матичната ме предупреди дека ќе претераат во диспанзер со ракавиците
Мојата тогаш цица и обично за ждригнување така мрда, ама некогаш и продолжува да спие немирно до наредно будење. Да не има гасови тогаш или за какање да му е, не знам друго што би можело. А се буди или само мрда во спиењето?
Исто е и мојов, многу се смени за два дена, изгледа во скок сме сега, 10та недела, до пред два дена и цуцла сакаше, и мирен беше не плачеше, сега ми ја одбива цуцлата, вреска, не сака да спие
Исто, ортопед и ги виде само колкчињата, се е во ред и освен што ми рекоа на меше да ја ставам, друго ништо. И тоа педијатарот ми го кажа.
Исто, кај мене траеше до 8 Е кога заспа јас веќе пиена кафе и сега сум како најјаката дрога да сум ја примала, а бебе си спие
Мене Видоевски ми кажа 10 пати во денот кружни движења, ама најважно е бебето само да се оставело да претка. На стомак цело време да било и сега го ставам многу као во секој буден прозорец е на стомак и во релаксатор зашто ми напомена да го ставам на 45 степени вело време
Офф до сеа и јас си плачев, он плаче и јас плачам, тешко е дека сум сама со него до 15 и 30, нема никој со нас... едвај успевам да го смирам, не сака ни да цица толку, дали да го носам на педијатар или нормално е вака овој период? Кај тебе одбива цице/шише? (Извини не знам дали доиш)
Антоније. Рече дека е активна и сама со претање си прави и повеќе од доволно. Тебе кој ортопед ти рече да правиш? одбива да Ја дојам и исто сме сами до 16h. Ќе пројде
И мене Димова ми рече не вежби, само да си прета. А и повеќето почнаа тоа да го препорачуваат, најдобро се развива мускулатурата така а не со сила.
Чекај кај нас сега другиве ортопеди дур почнат со овие нови препораки, бебињава во школо ќе ни тргнат И во Систина педијатриве истото ми го кажаа. Него и логично е. Од кај знам ја како да им ги вртам тие мали кревки ноџиња и колкчиња. И она прета ко точак да вози цело време
И јас не и правам вежби, мрда сама ко моторче. На меше сака само ко ќе е поткрената малку или на мене, така го држи главчето горе ко желка, а ко ќе е на рамно се нервира. Вашите сакаат на рамно да се подолго на меше?