Не баш. Мака мачам со тоа. Занимавам на секаков начин само да поседи подолго. Ако имате некоја тактика please share
Малиот секогаш кога ќе го ставев на меше си легнуваше или заспиваше. Значи вежбање нула. Другово се држеше, вежбаше преташе. Сега после 4 месеци апсолутно не гледам разлика, дури малиов се сврте на грб прв. На меше уште не се свртеле, ама добро.
Со колку мало бебе би летале бо авион и дали некој летал да ми сподели искуства Сакам здравје да патуваме негде па си правам планови, а не знам дали да си правам Да не биде џабе сањала
Ич неќе незнам што да и правам да поседи. Тропкам со тропкалки, шушкам ќесиња незнам стварно. Нарачав од тие контрасните сликовници ама не очекувам дека ќе направат нешто 2+ сме
Моето од денес за утре се навикна доле да седи и да се крева убаво. Буквално преку ноќ. Секојдневно ставајте ги и се надевам еден ден ќе сакаат. Што да очекувам од трет скок? Вториот го направи многу плачлив и се му смета кога доаѓа време за цицање и успивање.
Ние ќе летаме на 4 и пол, едино што мислам е да земам слушалките за звук и при полетување/слетување да цица. И нерви плус зашто ќе е при крај на 4-ти скок. Лет трае 4-5 часа, а 8 дена ќе правиме тура. И со многу помали бебиња летаат така да планирај си, зашто да не.
Кај мене, си ја мести главата на страна и си легнува, не вежба да крева глава. Да не го местам лошо? Како точно треба да му е положбата?
Треба тежината на рачиња да им е, да се потпираат ама може мали се уште. Мојата е 2 и пол, кратко се држи така и почнува со нервирање. Под агол и е полесно ама не знам дали се рачуна така ко вежба.
Еве денес ни е прв ден од трет скок. Кратки дремки, плаче за во раце и прави проблем за цицање. Сега се премори и конечно си спие во креветче. Ја денес коса немам исчеплано. Утре планирам да сме подолго време надвор, да ја шетам. Тоа и прија
Какви вежби какви перничиња Бебе треба да е на тврдо и рамно и самото да вежба. Со вежби само непотребно се форсира, а не се стимулира правилно. Бебе на под, рамно, на меше, вие пред него со тропалки. Неколку пати на ден. Колку ќе издржи толку, за некое време пак. Ако го легнувате и стимулирате редовно, самото ќе почне да ги зголемува временските интервали на стоење. Нема мрзливи бебиња има само недоволно стимулирани. Ова ми беше кажано за ќерка ми кога не се превртуваше. И кога си ја сфатив сериозно работата и почнавме редовно на стомак, за многу брзо имаше резултати. Не се секирајте што плачат, ќе престанат со тек на време. Ама е многу битно, за правилен развој на моторика, ‘рбет, стомачни мускули, да е на под. На тврдо и рамно. Кажете ми дали бебињата ви се вцрвенуваат во засечоците на вратчињата? Пробав хидратантна крема не помага. Пробав и пудра и крема за пеленска регија и двете помагаат само моментално, потоа пак се вцрвува. Не најдов ништо што долгорочно помага. Знам дека кај и да е ќе се издолжи вратчето, ама до тогаш ако имате позитивно искуство со некој препарат да споделите.
@Yowannty вежби за колкови се обавезни и вежбата на меше. Тропкалки кај бебе од два месеци не функционираат
Со лежењето на меше се покриени и колковите. Всушност вежба апсолутно се што му е потребно додека е на меше. Дополнително форсирање за колкчиња не треба, оти тие спонтано самото бебе најдобро ги вежба. Бебе на два месеци станува будно за светот околу него. Тропалки, бои, разни шушки со различни звуци и дезени се почетокот кон сензорниот развој. На 2 месеца веќе почнува да ги следи звуците, па да подава раче да ги фати, а од 3 до 4 веќе воспоставува координација око-рака, ги гледа додека ги држи, па ги подава од едното раче на другото и ги носи во уста.
Се почеток на сензорниот развој, точно, ама бебе не може да се фокусира на нив односно не постигнуваш ништо ако тропкаш со нив затоа што е премало за тропкалка да му го одвлекува вниманието. Сакам да кажам ако плаче на 2 м тропкалка и шушкало не ти бркат ич работа.