Ич не сака така, дури си мислам да не има нешто со мускулите проблем или до јазичето дека е врзано (читав дека е можно). Ќе пробам од утре пак, чекам подлога за на под да ми стигне потврда, тоа со играчки што го имаме е меко многу.
@jelo ваква https://www.ecom.mk/product/мултинаменска-подлога-премиум/ Не знам само дали ќе е тврда ко што мислам, може попаметно ќе беше коцки да порачав. А ова најпрактично ми изгледаше за чистење, морам поради мачето да ставам нешто што не бери влакна. Разгледај има и други мислам. @Ив10 кон 2 месеци почнав јас.
Вечерно време откако заспива после 10-20 минути почнува да плаче ама сеуште спие, ја зимам ја гушкам се смирува ја оставам да спие уште 2 пати така се расплакува и после си мирно спие, неколку дена вака ни се случува, се плаши ли? И кога прави така спие со полуотворени очи? Ви прават вашите бебиња вака?
Додека да стигне можеш на тепих да постелаш кебенце чисто и тетра пелена.Јас иако имам подлога и бејби џим сепак му местам чиста тетра пелена на секое ставање на под.
Преработуваат впечатоци од дента исто плачеме ама кпга сме во скок повеќе инаку не само ао полуотворени, туку кога заспива и скроз отворени му се, така незнаејќи ми се обратив демек да го анимирам нешто и го штекнав од сон, сега знам дека штом му се било како отворени очињата не е длабоко потонат во сон
Мене ортопедот ми рече стрикно тврда подлога, баш прашав дали може вакви, и земав коцки оние што се како puzzle уште да сака да лежи @jelo
Штрајк со глад, плачки без причина, не спиење, ама за среќа кратко трае е сега дури од 4ов коса ми се крева уште непочнат
Ја почнав да јадам се, гледам не и смета. Како го опиша, точно до збор. Сега беба е во трет скок. А да се надоврзам 4 скок ја фаќа пред нова година и сите предновогодишни прослави ус пат. Ќе се журкам со неа најјако
Да се собереме сите породени крај на јули/почеток на август да си тераме празници заедно. Кад је бал, нек је маскенбал.