@Rtulka еве и јас да те утешам дека 4ти не беше така страшен скок како што очекував. Со двете деца лесно го поминавме. Дури имав комбо период, едното дете во 10ти, другото 3ти и 4ти. Преживеав
Денес подобро е, стана, цицаше, го ставив во количка му пуштив музичка играчка се радуваше, преташе, вчера се пробав ништо не го интересираше, се надевам нема пак да биде како вчера уффф. Вие како сте мама?
Мајки дали е нормално бебето да кака на 3 4 дена ... кака ама обилно за сите денови инаку сме на АД аптамил комфорт и му давам чајче бекутан 2 пати на ден ... Што правите во таква ситуација.....?
Колкаво е бебето? Нормално е ако не му е тврдо мешето тие 3-4дена и ако не се мачи. Моето какаше на 6-7дена но ништо не правев посебно освен масажа на мешето и возење точак со ножињата. Исто беше и кога беше на мајчино млеко и на АД. Дури кога почна со цврста храна почна да кака секој ден.
Јас и го чистам со нистатин капки една недела и се очисти, сега за сега нема. Педијатарот ми има кажано и со сода се чистило, ама со овие капки побрзо се чистило.
А нормално е другиот ден да спие скоро пола ден на кратки паузи? Спие еден сат се буди цица и пак заспива а ова од скоков ја фаќа после 6 сат на пладне
Исто многу подобро. Направивме и една долга прошетка надвор и се успа убаво. Честито душо, те осеќам до тука
Нормално е во трет скок преку ден да спие на интервали по еден сат станува да јаде и пак заспива а плачењето ја фаќа секој ден после 6 сат на пладне?!Ме буни ова спиење
Мајки 3 месеци сме деновиве ми повраќа после доење. Ама денес многу поврати. Да не е некој вирус? Што давате во вакви случаи. Ваши искуства. Секако ќе се консултирам и со педијатар.
Поврати или бљуцна? Разликата е дали се напрега со стомакот или само си искочи млеко? Јас не би се тревожела поготово ско е само еднаш. Мојов е 5ипол и уште бљуцка. Последниов месец помалку ама баш 3 и 4 медец после секој подој бљуцкаше баш многу и пак напредуваше солидно. Може да има рефлукс, колку што знам помеѓу 3-6 месеци е најизразен. Секако консултирај се со педијатар. Јас лично ништо не превземав, освен да пазам да е поисправен при подој и го држев ама џабе пак бљуцкаше на секое.
Majki kakov red imate so bebinja 5 meseci vo tekot na denot? Mislam na budenje na sabajle, jadenje..spienje (dremki) i nokno zaspivanje?