@Erika.greeneyes Кои електролити ги зема? На 4+ месеци, само во хранилка, количка или скут под 45 степени.
Majki kakva reakcija da ocekuvam od vtora doza Rota? Prva pominavme relativno dobro (2 dena lepev lepenki preventivno samo)
Каде лепиш лепенки? Рота нели е со пиење? Мислам дека на бебе на глава не се ставаат лепенки, дури и да има темп. Јас лично лепенка ставам кај што го боцнале демек да не потече.
Јас искрено не го ждригам. На почетокот го ждригав и седи по пола саат ноќеска за да ждригне врти го, тапкај го и ќе си го разбудам. А само ноќе спиеше. И се откажав, ни дење ни ноќе. И така само бљуцка кога ќе ждригне. Го оставам сам после јадење, после некое време сам си ждрига, немаме проблем. И за пеглањето, ретко пеглам, не сум знаела дека треба да се пеглаат?
Никаква реакција немаше ни прва ни втора. А лепенки каде? Го боцкаа или? Превентивно за температурата ако мислиш не се ставаат ни лепенки ни сируп, а од рота не ни качуваат температура.
На вечерно доење престанав на 2 месеци и се преродив, пошто по 40 мин ја ждригнував. Преку ден накај 3 месец постепено ваљда. Проблем ми беше само што нон стоп бљуцкаше кога е на меше. Ама искрено не видов разлика дали ќе е ждригната или не. Со пеглање 3-4 месец можда престанав, пошто веќе се живо и диво пикаше во уста, ама перам секако на 60 цело време.
Јас ја симнав wonder weeks и ме води по термин. Мада секад има остапки недела плус минус, значи ние што родивме јули, август во исто време преживуваме скокови со бебињата Кај мојата приметив: кратки дневни дремки, одбива цуцла, одбива да цица, сака во раце и е поплачлива од предходно. Првите денови стануваше пред 5. Денес се врати во нормала, стана во 6 Вчера ја шетав надвор и спиеше подолго, па мислам тој сон допринесе малце да се регулира.
Фала на одговор. Навечер неколку минути ја тапкам, ако ждригне океј, ако не ждригне, не ја гњавам, ја заспивам. Ама искрено секогаш имам малку вина на совест, да не треба повеќе да се потрудам, а навечер стварно ми е мачно. Дење исто не ја замарам многу, ама си ждрига редовно кога лежи на меше, или кога ја носам во раце, па не е проблем. А за алиштата јас знам дека треба да се пеглаат за дезинфекција, или во случај некое бубаче да ги полазало. Сега имаме 3 месеци и не знам дали треба уште да и пеглам се, или да оставам да почне да гради имунитет. Хмм, јас ги перам на 40 за да не се собираат и да не бледнеат многу боите... На 60 нема гајле? Треба да пробам со некои алишта, не ми текнало досега.
Бебе е 4 и пол месеца. Овие неколку вечери, по речиси 2 саати плаче, со затворени очи. Ова пред заспивање. Преку ден си спие без проблем, сама со цуцла или на цице. Ама навечер дури заспие борба. Нејќе ништо. Само плаче.Кога ќе заспие не се буди цела ноќ, спие до сабајле. Гледам долу има две бели на непцата, запчиња на повидок , почнале. А и кога плаче рачето и е во уста. Дали е можно само навечер да плаче од запчиња? Со синко немав мака , сите заби ги извади без проблем, па незнам како изледа тој “процес” @Freckles. мене ми рече да ги дотрошам @Mateas никаква р-ја од 2ра, за разлика од 1-ва рота
После 18 часот, почнува witching hour. Нема врска со скок туку си се дешава независно и во период од час обично, до два некогаш бебињата врескаат, пискаат, кенкаат, или квичат, или претаат и ништо не им е потаман, односно се претвораат во мали вештерчиња. Поминува само од себе.
Дали сте имале сличен случај... Ние сме 4 месеци и 1 недела и од минатата недела почна да се врти од грб на стомак. Некогаш знае да заглави кај делот што треба да ја извади едната рака и почнува да се буни па му помагаме ние. Е сега проблемот е ноќе... исто се тркала во креветче и или ќе дојде со главата во даските или ќе заглави негде во вртењето па плаче.. И така секој саат се будиме, се смируваме по 15 мин и пак исто.. живи ненаспани сме. Некогаш кога не може да се смири го ставам во корпата од количката и го возам низ дневна и таму му е по тесно, не мрда многу и заспива ама не ни е тоа решение зошто скоро мала ќе му стане и ќе мора да ја тргнеме од употреба. Не знам што да правам... оградиците му ги тргнав од креветчето од страв да не се заглави со лицето па да се угуши, а вака се мава во даските. Дали и вашите така се вртеле и дали ќе му помине.. ? Што да правам да спие помирно?
Така ќе биде додека не го усоврши вртењето. Моите така правеа, помалото еве уште има ноќи кога ќе се заглави со вреќата, бидејќи и е малку поголема и ќе почне да плаче. Некогаш веднаш продолжува со спиење, некогаш и треба помош со нишкање, тапкање. Исто спие во дрвено креветче без оградици.
Исто давам и јас нормално во консултација со ортопед. Вака се вкупно 800 единици, тој ми кажа дека и до 1000 единици е добро и се препорачува.
Аууу значи мојава се претворила Пишав погоре, тоа ќе да е Заспива она околу 19.30 ,15-30 мин.дремнува , се буди и почнува
Дајте предлог за омега? Може молерс , барем и двајцава да пијат од исто ? .Не ги можам веќе бејбитолов, нон стоп ми протекува кога ги отворам. а мирисот е ужас , тешко се пере башка. За Витамин Д си давам вигантол.
Ист случај само го чекам денот да го усоврши враќањето од стомак на грб и да си продолжи сама да спие да не вика навечер