@eli25 И јас мислам Молерс е 6+ ама види пак на упатството. Инаку и јас дојдов за истото прашање, бејбитол се толку лошо направени не ги можам. Не ми е јасно, докторката ми рече сега да прекинам К1 и да почнам Д3+омега и уште една капсула Д3. Со првото дете во памет ми е дека до 3 месеци давав Д3+К1 ама сега наводно дека е на ад требало да прекинам. Не ми текнува колку ие имаше во нив. Можам да давам една капка вигантол и плус само омега? И која омега ја давате? На ортопед сме за 10 дена, ќе прашам и таму секако.
Во babytol има 400ие Д3. Ако ти рекле да даваш една Д3+омега и една чиста Д3, тогаш треба да даваш 800ие.
Можам да давам вигантол еден ден 1 капка, следниот 2 капки така наизменично? Или да си почекам ортопетски преглед? Уствари можам на пливит да земам за овој месец тие мислам беа 200ие капка.
Ние сме за една недела 3 мес. После подој преку ден ја држам малку колку да и спадне што јадела , ноќе ако стане, цица комирана и не ја малтретирам , а алишта не пеглам , перам на 60⁰ и сушам во сушара
Вигантолот колку ие е една капка? Не сум ги користела до сега. Можеш Пливит 200ие една капка е или терај со babytol, зависи какви имаш сега да дотрошиш. Секако како што кажа на ортопед сте наскоро па од него ќе добиеш најдобар совет.
Моето го измерија 6.200 Според килажа Ортопедот ни даде 1ден 1 капка, втор ден две капки, се така додека направи некаде околу 8кг. Ова за вигантол.
Повод за журка секогаш ќе има: скок, заби, совладување нова вештина како седнување, станување, зборување , настинки .
Не сум приметила искрено нешто екстремно да изгубиле боја ниту да се соберат. Можда се случило белите да ми станат нијанса на розево или плаво некогаш пошто не ги ни двојам . Права домаќинка сум што да ти кажам. Абе бубаче може да ги полази и од кога ќе ги испеглаш алиштата. А навечер слободно надој го во спиење и продолжете си да спиете големо е 3 месеци веќе, така си кршите сон и ти и бебе, а тоа полошо е.
Не ти избледеваат темните алишта на 60 ка? Еве сега гледам на 60 холухопките не се испрале убаво. Бејбиловот одма ми протекува. Морам одма да ја сетам дека какала и да менувам оти обавезно е покакана. И сега како нив на 90 да ги ставам? Инаку јас се пеглам, од раѓање. Ќе се мрднам. Најако е ако тој период возам во кола. Леле кога ќе почне Навечер прегладнувам, не можам краставица да излупам, без она да вреска Еве ја сега уште спие, мирна е, ама попладне е друго бебе.
Лек масажа од маж ти. Таман парите од повојница да се искористат за купување братче или сестриче. Ние таман да влеземе во продавница, малечкиот почнува да плаче. Неќе сестриче.  Шала на страна, вратот ме боли па само масажа помага. @anngelique не ни треба да има оградица во креветче до 1 година само душек и чаршав на ластик.
Јас од сам почеток оставам се така, не се замарам многу многу со вриење, дезинфекции и сл. На детето му требаат и добри и лоши бактерии. И да вријам и да дезинфицирам се што ќе најде во уста става така да. Нека градат имунитет ништо страшно.