Од сам почеток не, зашто не можат сами да изграадат имунитет. Мислам дека после 2 месеца ова им се регулира. Јас не знам дали да престанам со пеглање. Кога прв пат имаше проблем со кожа ми кажаа преплакнување на алиштата и пеглање. Јас секако се перам на 60, секако одделно од нашите.
Сега те читам. Кај мене е борба за спиење цело време периодов. Дење го шетам саат време во раце за да дремне 15 мин. Очи затвора, паѓа за спиење и плаче, а никако да заспие. Не знам што се дешава. Ноќе деновиве сум де со едната, де со другата цицка надвор, мислам млекото ќе ми подмрзне некоја вечер од што ми пристудува. Ја цела искривена само нему да му е потаман. Џабе. Пак врти глава нервозно, прета, на крај вриснува. Секои 20 мин. Ме здроби овие неколку дена. Не е скок. Не е регресија ова. Ќерка ми исто заби без проблем вадеше.. па поима немам дали може вака од заби да прави?! Таа додуша на 4 месеци веќе 2 заба имаше долу, овој тера 4ти ама кој да знае, не се сите исти. Ако најдете решение за болки во грб, кажувајте ми и мене. Се распаѓам од болка.
Ми избледеле единствено мои црни панталони што сум приметила. Од бебешкиве, па и наши пошто се ставам на 60, немам приметено, сега тоа можда нешто ептен минимално да има разлика од ново парче, ама тоа и со 100 перења на 40 ќе смени боја. Каките ги перев одма под вруќ туш и ставав омино бјанко или фрош да стои и после на 60, ако од прва не ми ги извадило на наредо перење ми вадеше. Сега каши вадам со разредена варикина на светли или на бели парчиња, белите бодиња ми се ко нови. На 90 имам пуштено само празна за чистење, не перам на 90.
Даваат на сите. Јас сега читав на капсулите, на нив пишува до крај на трет месец. Така ги давате или ко ќе наполнат три месеци се почнува со другите? На точно три сме на ортопед, ама не знам дали да купувам пак со к1 или да купам од другите, да не ми останат многу ако не треба до крај на третиот месец.
Жени кога планирате да воведете АД вие што доите? Се мислам дали после четири месеци навечер да давам АД (ако минфати флаша) и дали ако бекој има искуство може да ми каже како да вметнам и што да правам. Ми треба искрени размислувања на темава. Фала ви од срце
А зошто да воведуваш АД? Нема потреба ако имаш млеко, се прилагодува млекото на секоја возраст и има се што му треба.
Јас бев прошла недела на ортопед и ми рече до 3 месеци со к1, а после од 3 натаму само д3 со омега и плус чистд3 На доење што сме
Мајки малата ми е два ипол месеци и го чистам носето со солена вода али нисто не вадам а она осеќам и крчи носот како да има мрсули а нема, убаво си цица не и е затнато носето само ме плаши ова што ном стоп и крчи како пуно да е!? Искуство некоја мајка
Ние имавме секрет и крчеше така, прво не успевав со аква марис и пумпица да вадам ништо па педијатар ми рече со синомарин ампула да правам инхалација, за неколку денови се среди.. секако прашај прво педијатар, нас тоа ни помогна.
Зошто сакам навечер да давам АД, има денови кога ми е претешко. Плус не знам дали ги задоволувам потребите на бебето едноставно се мислам после четврти месец еден подој ноќеска да го заменам со АД знам дека нема потреба дека се има во мајчиното но сама сум без никаква помош и некогаш мислам дека ќе колабирам, ми се случува цел ден да не јадам ништо. Не дека ср жалам ама само сакам да ги видам опциите, нели среќна мајка среќно бебе
Од искуство, многу тешко дека ќе ти фати шише, посебно на таа возраст. Второ, ни млекото нема да ти го сака. Зашто би давала АД ако веќе 3 месеци доиш? Да не имаш некој проблем?
@GoldenFrida ако ти е за спиење мислам дека нема врска, има бебиња и на АД што се будат цела ноќ. А може и да не прифати шише, т.е најверојатно нема да прифати.
Јас официјално од вчера вметнав ад. Бебе плачеше 1 саат без престан нема што не направив за на крај да направам ад 90мл. Го испи ко да не е видел млеко и заспа. Денес па сме на доење, а вечер незнам. Дали има шанси да ми се намалил млекото од тоа што ми дојде менструација после пораѓај?