ако мислиш дека ќе ти спие, нема , ти кажувам од искуство... мојата не спиеше и уште не спие, ја доев и исто мислев дека ако дадам ад ќе спие, педијатарот ми рече не станува од глад, ама јас бев запната да пробам. пробав, давав навечер пред спиење ад, пак стануваше сто пати, еве ја сеа е 11 месеци не ја дојам веќе јаде по три оброци и ужинки и ад пие и уште станува.... иначе иако 6 месеци беше на ексклузивно доење, од одма прифати ад и шише без проблем, затоа и сега кога ја одбив мн лесно поминав, не знам може е до детето
И зошто пак К давате ако пимаат на раѓање? Објасни некој зошто? Ме интересира. Друго, кога ќе прочитам дека бебињата ви цицаат, имате млеко и сакате или давате АД, се прашувам зошто. Не ви се гладни бебињата, ако не сте сигурни консултирајте некое стручно лице. Има мајки кои мака мачат со лактацијата. Нема подобро и поздраво од доење. Ама секој со одлуката.
Не утеши. @GoldenFrida Ако ти е мака и мислиш дека ќе ти олесно апсолутно пробај, јас би пробала. Убаво пиша, среќна мајка, среќно бебе. Мојата не фати шише и тоа на 2 месеци пробував. Од 6 месеци пие од цевка, за порано не знам дали може. АД со спиењето нема врска, ама може да запали, дур не пробаш не можеш да знаеш. И јас мислев мојата се буди за цицање, еве ја пак се буди ама не цица и заспива. И може сега ќе спие со ад, и ќе си речеш ете спас и за 5 дена ќе почне пак да се буди. Не знам колкаво ти е бебето ама ако до сега е на доење јас сум сигурна дека му ги задоволуваш потребите, ова чисто да не ти лета умот. За да не мислиш дека ќе колабираш имај си некои здрави ужинки и земај од време на време јадење, шише со вода и да знаеш дека си испила 3-4 шишиња. Пробај да си направиш некоја нова организација во животот, односно смали очекувања и обврски сведи на минимум, така ќе си олесниш мооооогу. И најди си помагала за бебе, пример ако е бебе што сака да е во раце инвестирај во некој топ кенгур и сработувај со бебе во кенгур. Ако ти се буди навечер легни го до тебе и нека цица во спиење, да не стануваш. И сл.
За К, не знам да ти одговорам. А за АД е од очај, да се проба се. Бебе што дои и спие, сигурно нема на мајката да и текне на АД. Од искуство од првото зборам.
Ах, ние пак што сме на АД, толку сакам да може да цица малово, мислам полесно ќе е. Вака, се буди, почнува да плаче, ти трчаш натаму наваму спремаш млеко во кујна, трчаш назад да го смириш, пак назад во кујна и така во круг...бебе расплакано, расонето... И не е гаранција дека бебе ќе спие со АД. Сега дали сме во скок, цела вечер прета, кенка, се буди...и преку ден си зема сон, навечер сите сме зомби
јас давам АД + го дојам. АД пие, ско морам да сум на преглед, сам е со татко му, го шета надвор сам итн. АД во октомври 3 шишиња испил, и не се исмолзувам зошто ова ми е полесно/практично. Сметам дека подобро е ако може сопругот да излезе да го прошета надвор на воздух, отколку да е дома со мене (јас во моментот не можам/сакам). И не гледам ништо лошо во ад Секако, ако тргне во градинка овде, изборот би бил АД пред кравјо млеко кое им го нудат таму
А ние што сме комбинирано? Пред секое шише прво цицање па после шише. Пута 2 бебиња. Плус уште некое цицање измеѓу...минимум саат време на секое будење, може и два ако решат да се журкаме у 4 сабајле Инаку да, и јас мислам дека со ад е потешко, станувај прај млеко, па се оладила водата па топли, па миј шишиња стерилизирај. Плус кај мене на едното пошто е ептен аристократија ако му се олади почнува да го плука па трчај прави ново.
Мојата е 5+ станува 6-6 и 30, и така започнува денот, некогаш има 3 некогаш 4 Френки, некогаш спие само по 15 минути некогаш врзува и по 2 саата зависи колку и се спие, навечер ја заспивам во 20-20 и 30, спие до сабајле со едно до две движења
Јас да си се пожалам од денеа официјално и бурно влетавме во 4 скок. На здравје да ни е! Инаку пеглам се од раѓање ама шишиња не стерилизирам, само ги мијам со сјај, плакнам и ги попарувам со врела вода. Инаку блазеси ви на тие што доите, нема поубаво од мајчино млеко.
Е сега навистина ме остави без зборови, сосе вреќичка се врти? Сонце бе! Како што вика @Tiny Love изгледа ќе бараат помош до усовршување на вртењето.
Скроз се согласувам со @Mucika. @GoldenFrida купи си сецкани работи за полесно да ти е да јадеш. Јас често јадам на нога со бебуш во раце. Леб сечен и сечкано нешто кашкавалче печеница и слично, некоја павлака. Овошје стално имам дома и бисквити па ќе штрбнам нешто на брзина. Секако дека има и здрави опции како барчиња, урми и сл. Можеш од вечер да си спремиш овес/чиа и ќе имаш за сабајле доручек. Инаку јас почнав да му давам едно АД навечер и дефинитивно не спие повеќе. Еве скоро месец дена поминаа, скроз исто е. И јаде еден оброк, ама промена нема навечер во станување. Станува 2-3 пати на 3-4 саати. Некогаш и измеѓу знае да се разбуди и да станам по 5-6 пати ама тоа е. Не спие со мене, во креветче е.
Фала ви на сите за разлчните мислења, од помош ми се секако. Ќе видиме како ќе напредува бебе па ќе решиме