Што значи ако бебе кога ќе го доближиш до града вика и плаче, и единствено сака да цица ако стојам? Почна овие два дена така да се однесува. Плус многу плаче. Не знам дали се грчеви или што и да се. Единствено е мирно кога ќе го оставам само да зјае во таван, а треба да спие, затоа што уште толку се уморува неспиејќи и никако не сум.
По колку синомарин ти рече? Ми пишала мене ако ептен се затне да направам инхалација ама не ми пишала колку да ставам
Леле ја долго време се мислам дали да почнам со сјај да ги мијам, само со сода ги мијам и ги превривам. Си викам да не е штетно ама ако не измиеш со сјај не е измиено.
Мајки препорачајте ми некое убаво коритце, да може да лежи внатре подисправен или па додаток за во корито. Не можам да го избањам раат, во обично му е страв голем е ги удира нозете, а уште не седи 5 м сме. Имам и друго со такво за да е поткренат и легнат ама и таму не може да лежи цело време го придржувам. Некое што е тоа за лежење побезбедно да може раат да си лежи и да си шлапка.
Пошто похранливо е и повеќе "држи". Да не се лажеме реално е така, ама па добиваш само еден час плус, наместо на 2 часа ќе побара на 3.
Jас го имам на Локо Кроко столчето, рааат сум откога го земав, беба лежи опуштено и си шлапка со ноџиња. Можеш и во када да го ставиш.
Леле со ова молзењево се донервирав значи.. бебе цица ама сакам и да молзам да можам со маж да го оставам да идам до град да завршам некои работи, да се излуфтирам, со пумпава едвај успевам 50 мл да измолзам. Вие што молзите за 10 минути отприлика колку успевате да измолзите?
Јас решив сега да не се измолзувам пример, едноставно немам време со двајцата, првиот месец имавме еден подој измолзено и се измачив, па сега решив кога не сум дома да давам АД. Последниот месец слабо напредна па совет беше 3 пати да нудам АД ама џабе она ме го пие, или ќе пивне 30-50 мл, па бара цице. Е кога сме надвор или ако не сум дома максимум пие 90 мл. Со синко се измолзував и имав залихи млеко . Ама џабе, он од шише престана да пие. Едвај го научивме, со лажица му дававме . Така да не осудувам никој Инаку, кога сме сами ми е шубе да ја оставам сама, неможам да ја гледам во кујна, па си усовршивме се заедно во кујна. И кафе правење и доручек , а нејзе и е интересно и се посматра Денес инаку, два пати рече мам. Знам дека е лудо, премала е , ама не ми се причини и мајка ми ја слушна Изгледа беше случајно, досега само брчеше @jelo и јас измолзувам по толку, со рачна. Ама веќе неможам , пишав горе. Максимум 60 молзев во последно време
И јас прекинав да молзам, пренапорно ми беше. А вадев 40-50 мл за 20 мин, тоа во добри моменти. Некогаш и 20 едвај Бебка пие 100 адаптирано, ќе требаше од цел ден да збирам за еден оброк
Ако е од термин треба на средина на неделава да излезе, ако е од раѓање, тогаш баш се поклопува со неделата. Не знам што е, ама ова ич не ми се допаѓа. Премногу ме боли кичма.
Дане се молзиш после подој? Јас таква грешка правев вадев и тогаш 100 ка ама со масирање од двете гради. Сега сменив тактика не после подој и од една града вадам 100 мл и си ставам во фрижидер за да и дадам кога ќе треба молзено и во тој период дека не цица пак си се молзам и пак си ставам во фрижидер. Јас вака правам зошто давам како дохрана на 6 саати зошто ми напредуваше на долна граница. Користам кика бу електрична не е нешто прејака на влечење мора да ја држам стисната ептен на града
Јас се мислам за рота вакцината. Големиот е со коњуктивит плус стандард кашлица од ко почна учебната година, а нас петок ни е последна дата за примање. Правевме со него брисеви и торч плус некои инфективни, до петок поручек нема да се готови резултатите. Се мислам дали да ја однесам, што ако има нешто, а нема симптоми или ако префати на очиња од него, или нема гајле за рота? Другата нема да ја ставиме сега сигурно, ќе почекам поради жолтицата.