Следи си го распоредот на бебето. Кога ќе заспие треба да врзе 5 часа мин тогаш можеш да почекаш после последен подој околу 2 часа мин за да ти се наполнат, измолзи се и легни си. Таман 4 часа на собна може да стои и кога ќе се разбуди одма да го даде. Конкретно за процесот на молзење не сум експерт зашто користам пумпа.
Јас си имам воведено како рутина бидејќи утринското расположение е најголемо со менување памперс,миење лице,крема,пробиотик, Д3 и ако има потреба чистам носе и си рачунам дека денот официјално е започнат Едит: На почетокот за поедноставно си имав како табела направено со се што е за дента давање додека не ми стана рутина.
И јас земав пумпа ќе видиме така и мислев од вечер ќе почнам. Уште едно прашње сакам да одам на стомстолог, мора анестезија кога да се измолзам? после подој?
Мене на стоматолог ми препорачаа 3 часа после анестезија да не дојам и многу течности во меѓувреме да се исчисти побрзо од организмот. И анестезијата беше без адреналин.
Здраво мајки. Сакам да ве прашам како стоите со хормоните? Моето бебе има две недели , на доење сме.. Две недели не сум спиена, и денес и реков на свеки да го почуваат, тие го зеле долу за раат да сме поспиеле два три часа дури стаса за доење. Станувам луѓе, абе совест ме изеде зошто така, плачам неможам да се смирам..толку неубаво се чувствувам неможам да опишам.. па слегувам долу нив мерак им е не викам не, ми викаат вака ќе си го чуваме ние вие одморете , беше кажано во позитивна смисла можеби ама јас готово експлодирав .. јас грешно размислувам , постапувам или?
Трет скок ќе заспие, ќе се стресе и разбуди и пак презаспивање. Или ќе се разбуди со вриштење. Мора да е скроз темно за да цица и заспие. И за дневни дремки. Ми е страв да не си поремети ден и ноќ.
Хормони се .... и моите доаѓаа неколку пати да ја причуваат за да поспиеме зошто по цели ноќи бевме будни, радувај се што има кој да ти причува да се одмориш малку
Се враќаат во нормала после скок. Ама додека се вратило почнал друг. Мојот таман почна по 6ч навечер да се спие и еве 5ти скок. Прееска кенкаше во сон и се разбуди со вриштење. Господе давај ми сила
@Mari-Li како стее? Ние денеска надвор саат ипол се шеткавме дека овде убаво времето е, спиеше, па дојдовме дома гугаше, се смееше саат ипол и еве го сега пак заспа. Не знам дали помина скокот ама помирен е сега и мислам дека шетањето надвор многу помага...
Сабајле кон 10 прими рота малово, после тоа спиеше еден саат. Од ко е станата само ми бљуцка и тоа не по ептен малку како после цицање. Можно е од вакцината да е? Ми кажа докторката пролив, грчеви ама не спомна за повраќање.
И јас бев иста мајка. Ќе помине. Мене од 3та недела почна да ми се средува психата, сега на месец сум препородена. Издржи уште малку