Јас би почекала барем до 5 ипол месеци. Штом си напредува, немаш гајле. Препораките се до 6 месеци ексклузивно доење. И мој совет, почни со зеленчук.
Мајкички, здраво. Барам помош и искуства. Имаме 3 месеци и 7 дена. На доење сме. Арно ама цицето ни е проблем, без него не можеме, особено навечер. Грешката е кај мама. Од раѓање ќе заспиеше навечер,спие 2 до 3 часа во креветче,се буди и мама го зема на спална со неа да цица и да презаспие за да може и она да спие,и после веќе не го враќа назад до сабајле. Сега само до првото будење спие во креветче. После се буди и почнува да се губи, лево десно ја бара цицката почнува моментално да плаче ако не му ја дадеш. После ќе заспиеме и он си ја шмата цела вечер, се буди пак на саат ипол до два-два ипол,некако веќе и немирно спие,а и расте па ми станува и проблем со просторот не бутка со татко му на страна. Спремни сме да жртвуваме колку вечери треба и да трпиме вриштење само да го одвикнеме и да го вратиме назад да ја преспива ноќта во своето креветче. Но се плашам да не е касно. Ве молам за совети и идеи како полесно да се справиме со ситуацијава. Плус дали е нормално да се буди волку често навечер?! Читам многу бебиња си спијат по цела вечер со едно до две будења...
Фала ти од срце ме смири. Ме замислува што цица цица цица и ќе вресне ко да не е најадем менувам гради и после ќе се смири и ќе заспие, се врти многу дур цица, тегне града. Вчера ми стануваше на два сати а бебе до сега врзуваше сон бајаги, вака се е ок се смее весел е се игра … си мислам да не е почната регресијата гледам се мачи да се сврти појма немам ама чим е така како што викаш тогаш е најаден ❤️ Фала ти од срце извинете што ве измалтретирав ❤️
Три месеци и два дена исто однесување. Бебе спијач имам. Ќе да е период ова. За земањето до тебе не знам каков совет да ти дадам полека полека да го навикнуваш…
На 4м е прерано, нит седи, нит има цврстина да може да седне за да јаде. Бебе јаде исклучиво седејќи а не легнато, а на 4м не верувам дека ќе седи. Друго што нему дигестивниот систем сеуште не му е развиен за одма оброци да воведувате, па сокови па ич не му се потребни на 4м. Сок е ужинка но подоцна, откако ќе се воведат веќе оброците. Јас не би дала цврста храна на 4м. А што се однесува до овошје или зеленчук, сеедно, почнав со круша бидејќи не ми какаше, менував 3 дена овошје, 3 дена зеленчук, нас докторот така не советуваше. До 3г јадеше се после прлежа варичела и се смени скроз. А на 3м што да му биде проблем ако не цице? Тоа што спие до вас е друго, но на 3м на сите бебиња цицето им е сѐ, нормално. На 3 часа и нормално е да се буди за цице. Не знам дали сте дале цуцла и дали сте за цуцла, ама пробајте, можеби ќе ви помогне. А што се однесува до спиењето, тоа е сосема друга приказна и цицал ил не, ќе бара да спие со вас ако сте се научиле така. Пробајте да го враќате, секоја навика си има и одвика. И не споредувајте бебиња, на 3м не може да спијат по цела ноќ доцни бебиња, на ад може и да може, ама доени тешко. У секое време! А тоа што вреска, веројатно е дека намалува интензитетот на таа града а оно лакомо сака да тече цело време исто и затоа вреска. Малку темперамент покажува.
И моето многу напредува и баш заради тоа почнавме од 4 м со вкусови. Но ние сме на Ад. Почнав со овошје, јаболче, банана, слива но мислам дека малку подранив, има проблем со столицата му прават запек, сега престанав некое време пак сме само на млекце, ќе давам по некоја лажичка ама поретко, да се навикнува дигестивниот систем. За во врска со тоа дали овошје или зеленчук прво, јас почнав со овошје и мислам дека згрешив. Сега зеленчук не сака воопшто да јаде. Дали е до тоа или не не знам, ама да сум на твое место би почнала со зеленчук.
Дечки приметив дека малечкото ми заспива со музика и тпа една иста моцарт за бебиња за навечер и преку ден една медитативна од јутуб. Не знам како се случи ова, ама му помага да заспие и сам во креветче. Прашање ми е дали е штетно заспивањето со музика?
Фала ви инаку не бил гладен џабе сум се испаничила еве денес дежурсв ми сврза сон бајаги и плус ми прифати шише. Му дадов цице и после малку тоа што го измолзев накај 10, и го прифати инаку нејќеше флаша да види. Добро е да се има како опција кога ќе сум мртва, некако денес се одморив преку ден па заборавив на таа идеја а богами и масажа добив Фала ви за поддршката се е полесно со вас
Мајки имам една дилема. Бебе ми е месец дена, у последно време дали е скок или не знам што е се прејадува, цица на саат ипол/два, не ждригнува секогаш и често бљуцка... Со педијатарот се консултирав си викам да не е рефлукс, ми кажа не е, од што се прејадува и капачето не им затвара од тоа и е.. Проблемот ми е што навечер во креветче кога ја ставам после цицање, знае некогаш да бљуцне и се буди, плаче и не презаспива. Денес и ставив перниче и беше ок, не бљуцкаше, ама за сега ми беше страв и под душекот (тенок ептен , зошто спие во корпа и таков и е душекот) ставив фротирка за да го подигнам под агол. Сега ми страв дека нешто ке и биде ако бљуцне да неможе да и истече од уста и да се задави... Ете уште не спијам на тоа мислам и ја проверувам. А знам има такви специјални душеци...
Мојата правеше така едно време, многу бљуцкаше. Ставив коса перница под чаршавчето и баш помогна и после некое време веќе нарасна и прекина. Пробај така, може ќе има ефект.
Мамички ве молам за совет. Бебушка ми е многу плачлива, отсутна, нервозна. Рацете и се често стиснати тупаници, плаче било каде и да ја оставам во раце си е мирна, јаде убаво напредува , спие, но и од спиење кога се буди веднаш плаче. Не можам ни до тоалет да одам. Ретко се насмевнува и тоа само со штипкање на образите. Мислам дека и во очи не ме гледа .2 и пол месеци сме и многу сум загрижена. Претходно имаше вакви денови но беа ретки, сега секој ден е ваков.
Колку јаде и како напредува? Кај мојот кога огладнува му се рацете како тупаница. Да пробаш со повеќе млеко да и даваш
Грчеви, скок во развој, се може да е, но контакт со очи на 2м нема теоретски шанси бидејќи на 2м не ни имаат фокус да знаат што гледаат. Така да смири се и како што ти пиша мајката погоре, види пелени дали се полни, дали напредува и можеби се грчеви. Бебињата до 3м осознаваат преку рацете, кога ќе почне да ги отвара и да фаќа предмети всушност почнуваат да распознаваат веќе, а до тогаш реагираат само на допир. Има и орална фаза, кога се носи во уста. Затоа е многу важно на почеток да не носи никакви ракавички и за да може да користи раце за да се запознае со околината.
Морам да прашам едно смешно прашање Коа цицаат бебушки дали со слободната рака мафтаат и се удираат по главата или само моето бебе е смотанко?
Не, нормално било, дури постои и накит лактациски така го викаат, најчесто тоа се некои масивни ланчиња кои ги допираат и на тој начин се смируваат и цицаат. Јас многу сакав да го доживеам со синко овој момент но не успеав, се надевам овој батко ќе цица.
Ко ќе не ме штипи за града така прави, мафта со рачето. Поарно да мафта од штипењето, осет нема колку стега со прстињата.