Колку дена се очекува од рота вакцината да има реакција? Вчера неколку пати поврати, после спиеше повеќе од обично преку ден, друго нема ништо. Исто е 3 дена ко за другите?
Мене ми рече педијатар до 3 дена, со тоа што најчесто првата вечер по вакцината се јавуваат реакции. Исто и кај нас, спиеше малку повеќе, качи минимална температура 37,3 што не се ни смета за Т.
Хахах мене ми е ептен смешен и фацки прави дури кога се удира, ја отвара дланката и од позади странично се мава се гребе кон напред и се мурти а со другата рака ме чешка за градата Изгледа сите така прават кога откриваат дека имаат рачиња
Мајки на колку месеци почнавте со купени кашички или приготвени и со што најпрво? Бебето ми е предвреме родено 33 г.н Фала
На 7-7.5м, корегирани 5м. Почнав наизменично овошје и зеленчук да давам, а по совет на педијатарот во првите вкусови беа и некои безглутенски житарки.
Со првото почнав на 5 м За ова не знам. Со купени каши ќе почнам затоа што немам непрскани овошја ни зеленчук Не би знаела да дадам совет за воведување немлечна исхрана на прематурче, тоа најдобро неговиот педијатар.
На ад е пие 100-120мл, неделно по 250-300гр качува. Некогаш и не го испива сето млеко а рацете му остануваат стегнати. Има грчеви, сега ни почнаа па можеби од тоа е бебе нервозно. Имаме 4-6 пелени полни преку ден. Јаде 6-7 пати на ден. Ништо не укажува на тоа дека бебе го боли нешто. Сега само што заспа и два пати во сон како да почнува да плаче па ќе се смири и си продолжува да спие. Помислив и на тоа, претходно преку ден спиеше повеќе пати по саат време. После смени, два дена по ред спиеше 4-5 саати поручек околу 5 часот едвај го будев. Вчера само два пати заспа по саат време а му се спиеше цел ден и едвај го заспав вечерта со многу нишкање. Ќе заспие ќе мубпадне цуце ќе се разбуди , така едно 5 пати. Преку ноќ спиеше мирно од 00 до 6.00 стана се напи млекце и до 9 пак спиеше. Гледам дека му се спие повеќе но едвај го заспивам. Дали се тоа знаци на преморено бебе и пд што може да е преморено?
Мојата бебка од првата доза 10 дена беше нервозна плачење, вриштење и грчеви. Пред 3 дена прими втора доза и истото е ама овој пат сум спремна уште 7 дена ќе е како нова.
Лом се прави се удара со една тропка ама не е тврда и не ја боли, кога почнува да ја мафта насекаде и самата се удара по чело.
Жени кога шочнуваат да се вртат? Ова моево кога спие ги крева нозете и пробува да се сврти де лево де десно и така неколку пати па ќе се изнервира. Па ќе пушти крик па ќе се исправи и ќе продолжи да спие, грчеви не се тоа поминавме различно е од ова.
Ве молам за совет. Се измолзував и до вчера му давав така на бебе. Значи по три оброци мајчино, а другото ад. Решив да прекинам од многу причини. Арно ама денес едната града ми е потврда и поболна. Што да правам? По двапати на ден се молзев последниов месец, зарем може да имам проблем со градите?
Па немам. Еве сега се одмолзев малку со пумпата ми олесна. Така да правам? Некој друг совет? Ај и @AngelOfArh може има плус совет, знам така го хранеше детето.
Моето исто, почна и да се врти на стомак во спиење и не знае да се врати па плаче, се буни.. 4 и пол месеци е