Јас да прашам. Памперс премиум 3ка 1000 денари беа, или помалце? Зошто мислам дека 600 ден. ги плаќав. И што е разликата меѓу премиум и актив бејби?
Мојата додека цицаше тој краток период мајке ми мислев дека око ќе си искара како се маваше Ич не ми беше јасна зашо си лепи шамари
Мене ми се средуваше кога рачно молзев под туш со топла вода. Не мора да се молзиш со пумпа, пробај така додека да се намали лактацијата
Оф исто е и моето нервозно му се спие а едвај заспива за да дремне макс пола саат. Гледај да не поминат 2-3 часа измеѓу дремка. Пробај да го заспиваш во затемнета просторија со музика. Кај моето помага моцарт за бебиња на јутуб ја имаш
Мајки, четврт ден од прва доза рота. Тт немаше, грчеви не, само течни зеленкасти столици два пати дневно, но денес во столицата имаше црвени конци крв. Од ротата се јавува, слично искуство?
Дали 200 гр за 11 денови се малку за покачување на килажа? Колку треба да покачува? На доење сме. Млеко имам, некогаш и по саат време е на цице, е сега ми рекоја по 15 мин на града.Ако требало и на саат време. Кажувајте што да правам, премачно ми е , претешко, мислам ќе се онесвестам.
Мајки, се породив царски пред три дена. Имам млеко, но не доволно. Бебче после секој подој се дохранува. Некој совет како да надојде млеко?
Ќе молзиш само колку да ти олесни, не многу, неколку млаза да осетиш дека притисокот паѓа и ќе ставаш одма ладни облоги. Намали на течности значително, а можеш и некоја шоља чај од жалфија да испиеш. Ако видиш дека за да излезе млеко ти треба поише притисок, не молзи додека не осетиш пак да се полнат градите. Потесен градник носи или дури и да ги врзеш градите со некој појас да се стегнати, ама не тоа да трае којзнае колку долго. Значи не ми е јасно кога отидоа цениве волку. Големо пакување Премиум сум го купувала по 600ден за големиот, сега 1000ка, епа многу е. Јас земав на Бејбилав Премиум, планирам да ги пробам и Слипи. Не знам со цениве што ќе се прави. Цуцлата Филипс онаа цела гумена што е, пред 1м беше 289, сега е 369, кај со цениве вака не знам.
Пред малку спиевме со моцарт за бебиња цели 3 часа. Се бањавме, пиевме млекце, се смири и ќе си заспие кај и да е пак. Имаме гугање многу почесто денес, во споредба со претходните денови можеби затоа бебе е плачливо многу.
Изгледа сте во скок мајка, ќе помине. Тоа моцарт химна по дома ни стана. И моето спие на моцарт сега од 6 часот, а јас го чекам да стане за бањање
Беа да, кога се породив во јануари, сега се 50% покачени. И мене ми е криво, ама купивме памперс актив од Кипер, исто и гаќичките ги гледав и ги пробав, добри се.
Се приклучувам на клубот на неспијачи. Моментално ми е во раце, кичмата ми плаче од нишкање. Не сакам на кревет да го спуштам, затоа што отиде мојата психа. На моцарт сум и јас, ама освен јако думкање, и шушкање ништо не успева. Земи шетај низ дома и думкај, може ќе успее.