Моево го навикнав на песничките од Шумиш мечето и заспива без проблем, знае да се врти во креветче со главата немирно и по 15 минути но штом му свири музиката тивко заспива без проблем. Еве сме скоро 4ти месец и без мечето не знам што би правела нарочито во скок, кога не сме може и без него да заспие.
Како успеавте да ги научите да заспиваат сами во креветче на 3-4 месеци? Мене ова ми изгледа како научна фантастика во нашиов случај, хахаха
Сам заспива навечер од раѓање иако преку ден си бараше да го гушнеш, да му пееш за да заспие. Сега имам едно меко чупаво ќебенце на Неф Неф и кога му се спие само го покривам се бутка со обравчињата до ќебенцето и одма е заспан. Ама кога е буден утоп го прави од шмукање ќебето и лигавење
Мајки давам еспумисан за грчеви веќе две недели али нема некој ефект баш, дали ако сменам да земам други некој капки ке биде некоја штета што мењам за неа или нема врска мора да најдам што ке и одговара за ублажување на болките како и да е незнам што да правам иначе малата ми има 2 месеца!? Фала
Мајки имаше некоја колекција мислам на la rosche беше што ја фалевте. Кажете дали помага за сува кожа?
Никако. Порано знаеше да заспие сам, со вртење, кенкање ама успеваше некако. Како што расте се потешко и потешко ни е заспивањето.
Ако ти е за утеха јас мењав на 3-4 дена. Некако најпогодена комбинација ни е саб симплекс, колипрев и биогаја.
Како ги анимирате вашите 1-2 месечни бебиња? И од колку почнавте да ги ставате на под на подлоги (оние со играчки што висат)?
Женски кажете нешто против опаѓање на косата , без коса останав, а имав богами доста , на фризер им се темнеше хахахах, знам дека е хормонски се ама нешто барем витамини некои што можам да ги зимам додека дојам , да не ми биде криво дека не сум пробала ништо. Има на солгар за коса, нокти и кожа незнам дали доилки смеат тие витамини?
@Srcka28 Знам дека знаеш ама пак да ти кажам, подобро стрпи се нека падне косата што не паѓала цела бременост, кожата ќе се врати во нормала исто. Страшно е ама ќе помине, а витамини секако можеш да си пиеш. Јас со друго не би експериментирала. @Doktor F Што порано, тоа подобро. Моево нема многу време за анимација, одма заспива Ама тоа е тоа, висечки играчки, музика, тропалки, лежење на меше.
Витамини мислам смееш ама нема ништо да ти помогне јас се пробав буквално и витамини и шампони и масла, џабе. Ми попадна косата, а каква ми беше густа ми се плаче. Додека се средат хормоните ќе биде вака, се надевам уште малце.
Уживај тогаш Мојава е се во раце и шетаме по соби, туристички водич сум и @Anturium ке почнам и јас, мислев да не е рано. Фала ви
Прочитав некаде погоре некоја од вас за думкање, нишање... Зошто думкате? Имав една јатрва она така силно ги думкаше децата, абе мислам мозокот им го поремети, и цело време и плачеа. Еден ден отишла на педијатар со помалото и во ходник почнало да плаче, почнала да го думка ова уште посилно, докторот дури излегол да види што е. Вика коа ме подбра, партал ме направи, а ние претходно и зборевме она беше у стилу ништо не му е, ќе се смири... Не знам од кај останало тоа тресење, нишање насилно, али бебињата не сакаат тоа, нежно лулање да, ама трсење и нишање ко да е крај на свет, не верувам дека сакаат. Никогаш не сум думкала бебе. Исто и со успивање само, зошто само, тоа сирото вчера излегло од стомак, збунето уште, не знае што го снашло и сега тупни го во креветче само да спие. Секогаш сум го успивала со гушкање, па ќе го оставам и дури сум му оставала моја маица, тренерка до него, или перница моја, да му мириса на мене и одам во дневна. Може па ми се погодило детето, што знам, ќе видам со ова како ќе биде ама сигурно знам дека ќе се однесувам исто како и со баткото, па ќе знам дали стварно е до детето или пак до нас родителите. Кога гледате дека тие тивки нежни звуци, бранови, шумови ги смируваат, значи мора да има нешто, тогаш обидете се и нив да ги смирите со исто такво однесување, не тресење и думкање туку нежно нишање, нежно лупкање со собрана рака по газето, кај што се спојува рбетот со газето, тука има нерви кои со стимулација се релаксираат. Јас со вакво чување имав најмирно бебе на свет, што плачеше многу ретко и растеше и напредуваше многу убаво. Фала богу до ден денешен е така, само малку побесен е сега зошто сепак и возраста му е таква.
@AngelOfArh точно за думкањето, а и опасно може да е за мозочето. Јас малку да ги видам посилно да ја нишкаат бабите одма ги опоменувам. Мојата маж ми со галење на лице и чело ја заспива, во позадина бел звук, и зборува тивко и ја гали, одма очите ги затвора. Со мене само со цицање.
Мајки дупето му е црвено и има бели точкички. Тоа пеленски осип е? Со што најбрзо би поминало? 2 дена немаше какано и се искака вчера и приметив црвенило, а еве сега и точкички. Спојлер
Било каква крема со Цинк, Судокрем, Здраве, било што на база на цинк, не ти препорачувам на ова да ставаш павловичева или пудра.