Јас со заспивање и јадење посшто сме на АД, ако порано јадеше на 2-2 ипол саата сега 3,5-4 ќе фати и не бара јас ќе му дадам но не прифаќа од одма, се молиме, за заспивање е сменет, со тоа повеќе имам проблем се буди со плачење
За shaken baby syndrome треба движења напред назад на главата со голема сила. Врска нема со думкање. При думкање, главата на раце е легната, додека кај овој синдром воопшто за глава не ги држат. Кај мене со цицање си заспиваше, ама веројатно после скокот, не сака ни да цица, ни ништо. Плаче, вришти. Ако не го думкам, заоѓа. Секое бебе е различно. Се снаоѓам како знам и умеам. Блазе си ви што заспиваат без помош.
Јас имам проблем што сака в раце дури е будна. И со првото беше исто. Ќе ја легнам две три минути ќе ми погуга, ќе се смее и почнува со плачки за в раце. В раце дреми исправена, си гледа, глас не пушта, уште да немав болки во цело тело и супер ќе беше.
Вчера бебе од 21 до 22 часот никако да заспие. Си играше на кревет, значи полудев. Не знам што му е. Убаво си заспиваше до 21 часот. Што ќе беше ова. 3 месеци е.
Леле аман со тој синдром. Актуелен е изгледа доста на тик ток, па сопругов гледал видеа и јас сега брзо си играв со бебко си се вртев и он цел иапаничен. Немој немој така да му правиш знаеш ли што му се случува во главата ако го вртиш, нишкаш. Јас вакваАа викам под хитно забрана за тик ток и тебе. Моево 7месеци заспива строго на цице и тоа при вечееното заспивање ги празни двете со еден час доење. Спие без будење до 1-2 по полноќ а заспива во 20ч. Преку ден пак заспива и спие на цице, без нишање, пеење и сл. И првото така заспиваше до 2ипол год.
Јас ако не шетам кругови низ куќа, не низ соба нема шанси да заспие. Со тоа што само кога се вози во кола или количка заспива морам да бидам во движење и јас.
Да,тоа и пишав, нагло да не се тресе. Некои баби ги тресат до онесвестување треба да се пази .. Нежно думкање секако дека не може да им штети...
Мене мимсе сфиѓа ептен има некоја нежна миризва на невем и е многу хидрантна ама не ни помогна па јас за мене ја дотрошувам
Точно така. Овде пред да ме испуштат од клиника на прегледот, педијатарката го фати бебето под пазуви со дланките го крена во воздух и ми рече никако да го тресам така за да го смирам. Не знам оти думкањето се меша со тресење, думкање е нежно нишкање по некој ритам дур се движиш со него легнато во раце. Тресење е сосем друго, не можам да замислам дека гушнато во раце е можно некој толку да го истресе. Памтам тетка ми, близначките во колички, на времето огромни едни, како ги дрмаше нервозна кога вриштеа двете, количките потскокнуваа од страна. Е тоа беше ролеркостер. Тебе мозок да ти се помати само што гледаш. Јас па често знам да речам дека сме се думкале, ама ретко сум нишкала, и првото и второво. Уствари држам во раце и шетам низ дома. Ноќеска толку ме болеше цел грб и кичма што не можев никако да се наместам скоро 3 часа, на крај накај 2 по полноќ станав пиев ибупрофен и не знам како и кога сум заспала. Сакам да почнам да вежбам а со болкиве што ќе се праи не знам. Косава и мене ми се преполови. Знам дека е нормално ама толку многу исчешлувам секое утро што почнав веќе болести да си дијагностицирам.
Мајка ми ми има кажувано порано на село ко се родил братучед нејзин, и мајка му го ставала на големо ќебе или чаршав не знам што, и она го држела од едната страна, некој друг од другата и така го лулале бебето на сред двор додека не се успие ( читај онесвести )
Јас сум со мустела хидратантната од сам почеток. На сувите делови плус павловичева ставав. Ама нормално е тоа мислам. Ќе се среди за брзо. На веледа за пеленска регија земав и е океј.
Пробај со магнезиум, мене ми е спас. Цел врат и грб ми беа вкочанети, бев на масажа супер ме опушти, за три дена иста песна. Сега пијам магнезиум од 400 секоја ноќ, многу ми е подобро.
Другарка многу го лулаше бебето, ама па наводно само така и спиел, секој со своја мука. Јас од овие "техники" само возам во количка кога шетаме. И стварно може и долго да шетам, цело време си спие.
Смее магнезиум при доење секој ден си пиеме ? Јас сум со болки во цело тело веќе, вчера едвај се свртев во кревет сум се укочила и мн болно ми беше, и се повеќе ми се влошува. Има некој покрај грб и кичма и нозете колената и зглобовите да ве болат? Крв проверив денес ок е витамини пиам, само за вежбање ќе да е работава ама сама сум дома