жени драма мислам дека му влезе некоја капка на син вода во уво при бањање ми др лизна страшно ли е испаничив скроз
Да, и ова имам слушнато. И тоа не толку одамна, вака правеа до пред 10-15 години. Ај тогаш не знаеле подобро… Ќе пробам. Не знам како никогаш не ми текнува на магнезиум. Ноќе ми е неиздржливо веќе. Фала ти.
Гинеколог ми кажа дека можам да пијам магнезиум додека дојам, ама ако сакаш прашај си на доктор. За зглобовите не знам, ама најверојатно треба да се движиш повеќе
Јас сум со болки во кичма и нозе ако седнам пола саат едвај станувам и ми треба минута додека се раздвижам.
@Rtulka @Cloverrrr Леле сите сме иста ситуација со зглобовите. Како да се читам јас...колената едвај функционираат, сите зглобови ме болат. Навечер едвај се местам за да заспијам.Тешко ми е при станување, особено скали качување, па и стоење во место. Магнезиум не ми помага. Ортопед ми рече колаген, но не знам дали е дозволено при доење? @marui-Li?
зашто да не е? Телото природно го лачи, вака ние само недостатокот го допунуваме. Искрено од него мислам и млеко ми надоаѓа, молзам по 300 ml на подој
Јас од бебе и поминувам со вода врз глава, сигурно и влегува ама излегува, после бањање и ја собирам од ушната школка со стапче за уши да не и влезе од тоа што не се исушило. Ништо не му е.
Мајки, нормално е двомесечно бебе да плаче пола саат без престан, викање, вцрвенување. Цице не сака да види, уште толку плаче. Почнав и јас да плачам, што не можам да го смирам. Изгледа се умори, ми заспа во раце. До сега волку долго и без престан не плачело.
Мене бебушот ми падна од кревет, мислам 5 секунди немаше како бев свртена и трас на плочки. Плачеше тој плачам јас едвај се смиривме и двајцата. Добар е малце на челото имаше црвенило ама во глобала беше ок, се смееше си играше. Повеќе мислам дека ја се потресов, сите ми викаат смири се уште колку ќе ти паѓа ама не можам, искусни мајки како се справувате во вакви ситуации зошто јас полудев? И жива се изедов како можев да дозволам ова да се случи...
Ќе ти помине. Јас мислев никогаш нема да ми се случи, сплет на околности ми се случи и повеќе плачев јас него бебе. Затоа сега милони пати повеќе пазиме кога е на кревет. И стави си нешто околу креветот, коцки гумени, тепих некоја стаза мекана за секој случај.
Не знам дали е нормално , ама мојава одкако е родена така плаче , кога беа грчевите поинтензивни со саати траеше , сега поднамали
Ви бојкотираа со цицање бебушите при крај на 3ти скок? Све и е поинтересно освен јадење. Ќе помине со скокот или уште поише ќе изводи?
Како ги облакате малите за по дома? 2 месеца сме температурата дома ми е 23/24 степени скоро нон стоп и и облакам боди по прерамки, едно по долги и пантолончиња, она нон стоп се поти дали е премногу топло незнам више како да ја облечам
Кога се потеше батко многу ме прашаа дали давам витД затоа те прашувам, недостаток на витД давало такви потења. Да не лежи на нешто синтетичко, ќебе или прекривка, зошто не ти е премногу наоблечено да речеш.