Ако овде се брои 3 ипол месечно, да, имаме мака. Таман мислев излегла од скок, синоќа не спиеше, денес надвор отспа 3 ипол часа, ама затоа дома мме. Само во раце, па плаче, па одбива цице. Сега заспа, не знам до кога, ама после вакцините, она е друго бебе. Знам дека не е од тоа, ама се поклопува после трети месец . Скокови ли се во прашање, не знам, ама еве си има моменти кога и не знам што и е.
Мојата кога и беа најинтензивни грчевите плачеше по 4 саати. Вриштење без престан, само на цицка се смируваше кратко и пак продолжуваше.
И кај нас е 24 степени и исто ја облекувам, не сум приметила да се поти. Може такво си е детето склетџика.
@GirlLady А зошто не пробаш со еден слој облека? И можеш ли да ја намалиш температурата дома, таа за бањање е, гледај до 22 да биде, за спиење до 20 степени. Ние на таа температура на кратки сме, бебето ептен дека е мало, па на долги.
Кај нас е 24-25 и е на боди на долги и панталончиња, ако и облечам боди на кратки и блуза таа е испотена.
И ние сме 2 месеци и се раководиме по табелата. Дома ни е 24/25° и е по кратки ракави преку ден. Навечер само шпикозни.
Како беше нешто со кромид што се ставаше во собата кај што спие бебуш? Нешто за нoсе затнато да не беше? Кажувајте со што да помогнам и шлајмче има
Вака треба правилно, вака се водев први два месеци . Сега кога залади сите ми го облекуваат бебето мислам дека се навикна да е наоблечен, не знам пробувам да го држам по гол ми рече и педијатарот дека е по здраво ама оди докажи им на сите
Не знам за метеопат ама ќерка ми во првите три години на секоја промена во сезони менуваше и ритам со спиење. Односно кога почнуваше да се зголемува ноќта на есен почнуваше да седи будна ноќе, ќе дремнеше од 20-21ч до кај полноќ и ќе си станеше до пет сабајле да седи. Бидејќи освен траењето на дневната светлина ништо друго не се менуваше во нејзината средина и во активностите дома, мислам дека само заради тоа беше..напролет се враќаше во нормала.
Метеопст не верувам, ама еве на мојата при промена на време и мењам рутина. На пример кога врне не може да шетаме надвор и и влијае ептен на расположение. Така да има нешто со бебиња и временска прогноза
Бебе последно време еднаш ноќе пиеше млеко, но еве оваа ноќ двапати бараше и дадов, а тамам помислив еднаш ќе бара. Не бива со цуцла презаспивање. Што да правам друго? Божем да го одвикнувам, но не иде. Три месеци е.
Мало е уште да му ги скратиш млеката ноќе, ако само бара ќе дадеш. Моите на 8-9м прекинаа да бараат навечер млеко. До тогаш некои ноќи пиеја по еднаш, некогаш 2 пати.
И кај мене дење е бајаги топло околу 25 и обично е боди по долги тенко и тренерчиња, а ако гледам дека е испотен боди по кратки и панталони. За ноќе шпикозни и вреќа за спиење без ракави
И мене пробаа ама им реков вие како седите по кратки а детето по дуксер се поти... 25 ми е дома ама на градско парно сум немам што да правам. Кога спие отварам врата повремено