Бебе на почеток не напредуваше воопшто, само спиеше. Др Марина од Ремедика ми рече, како сакаш да напредува кога тоа мисли дека уште е во матката на топло. Како го расоблековме, детето живна, почна да јаде, да напредува. Гледам дека повеќе му одговара да е полесно облечено т.е. само во еден слој и не ги слушам бабите. Прво ми зборуваа дека бебе ќе настане, но после попуштија, као ваше бебе - ваша одговорност
Моето е на шпихозни по долги. Ништо друго, само еден слој. А го облечам повеќе саклет го фаќа. Сите викаат по мене, ама кога му пипкам стомаче и грбче супер е топличко.
Ви крчкаа ли бебињата и до кога? Знам дека е нормално кога ќе се родат и докторката рече не е страшно, му прскам и солен раствор и со аспиратор вадев по потреба ама последните денови како полошо да е. Веќе помислувам и дека е настинат, некогаш едвај млекото го пие. Како горе носот да му е затнат, како да му е полн.
Дали се препорачува користење на вакви перници ко ќе почнат да седат? Ми изгледа практично за да не паѓа наназад на теме ко ќе почне на под да седи со играчки.
Не, не треба никакви помагала, ни за седење, ни за проодување. Треба да научи како да паѓа и да одржува рамнотежа.
Мајки бебе 25 дена цела недела чистиме носе и вадам мрсули еве сабајле и извадив баш густи и зелени Исти сме и ние планирам да ја прашам утре др. Дали може некое спрејче да прскам скоро месец сме, ставам солен раствор и влечам со аспиратор излеват мрсули ама како да има горе повисоко
Ајде баш пиши што ќе ти каже и до кога би требало да се среди. Страв ми е дали ќе препознаам ако е нешто сериозно зашто од раѓање е вака. Вадев и јас зеленкасти, сега се проѕирни и потечни. Со првото немав ваков проблем.
Majki 4 meseci sme dosega se bese vo red so oblekvejneto no eve edna nedela nikako ne mozime da se oblecime koga ke se slecime kefoje koke e slecen a pocvime so oblekvejne placi premnogu nikako ne mozime da go smirime kazvete pomos od sto moze da e taka ne bese porano vaka
Ништо не може да е, расти. Тоа е. Мојата е скоро година, ми бега со гол газ со плачење по цел кревет, 20 минути ја облекувам
Мајки, дали оставате луѓе да им ги фаќаат рачињата на бепчињата? Јас никогаш не сум им ги фаќала рачињата, (и општо избегавам физички контакт, само на стапалцето можда) ама гледам дека тоа е реткост, сите кога ќе ја видат прво на рачињата сакаат да ја чепнат. И јас нормално културно ги опоменувам... Бепка има 3 месеци, цело време е со рачињата во уста, знам дека кога ќе почне со лазење се од под ќе пика во уста....ама мислам дека на 3 4 месеци уште е рано за такво хардкор градење имунитет, со бактерии од други луѓе што не знам ни дали раце измиле пред да ја чепнат. Што мислите, претерувам?
Ја не им давам, ниту пак да го бакнуваат. Кога ќе кажат ама имунитет гради им враќам дека постепено иде тоа, сега доволно е што сам пипка све што стигне и право раце во уста.
Не давам ни за лице, ни за рачиња. Не претеруваш. Не сакам ни да го бацуваат. Јас сфаќам дека се мили и слатки, после товарот ако се разболе јас ќе го носам. Не знам ни јас што е потребата да се пипка туѓо бебе, особено ако знаеш дека рачињата во уста ги пикаат.
Јас ги оставам најблиските и да го бацат, и да го држат (тука иде и фаќање на рачиња) ама протоколот го знаат, чисти алишта за кај нас и измиени раце
Ја не давам исто не само луѓе кои ќе ја видат туку и на домашните, веќе знаат сите кој и да дојде од баби, дедовци, прво во купатило на миење раце а после може до бебе. И пак не сакам да ми ги фаќаат рачиња и бацување, се научија бацување во косичка, е ај демек таму но и таму со страв бацуваат којзнае каква фаца правам додека трае сето тоа.
Ако дојдат кај нас им викам раце да измијат прво па да се приберат до бебе. На улица некогаш знам да речам ако некој многу му се приближи. Не дека нешто не ги оставам да го чепнат воопшто ама пак со мерки на претпазливост, посебно првите 3 месеци, сега не толку.
Јас давам ама веќе сите научија дека кога влезат кај мене прво мијат раце, а после го зимат. И најчесто го земат со тетра ставена на рамо за да не и се допира лицето на нив. А бакнување само јас и мм, го утепиваме бакнувајќи ама ич не можеме да се воздржиме Некако и немав потреба многу да опоменувам, на едно кажување сите си сфатија како треба. Ова сега само за блиски, за понатаму со подалечни ќе видиме како ќе е ама не сум опседната со тоа многу.
Леле срам ми беше да пишам дека ги тераме раце да мијат ама гледам горе доле секаде е исто. Јас не знам што е со луѓето да си дозволат да им речеш ‘измиј раце’. Нели се знае дека кога идеш од надвор прво раце миеш? Мајка ми ја слушнав пред некој ден како му вика на син ми со влажна марамица да ги избрише рацете. Причината, бил напорен во вц и едвај го вадела после надвор. Така е ама ако ти е напорно кажи ми и јас ќе го однесам да се мие. Не може си играл во двор и раце со влажна да брише. А свекрвата, цел ден била на работа во кујна облеката и е измешана со триста мириси, доаѓа со автобус и трча од вратата право кај бебето. Каде бре жено луда, во автобус си била, има ли погнасно нешто? Свекор ми обавезно се мие, мириса убаво кога доаѓа, а татко ми само го гледа никако не го допира. Му викам да го земе, вика има време кога да игра со деде, сега мама му треба