Nesto za potparena koza pod vratceto na bebeto? Crvenko e.. i go boli. I za temenica na glavceto so koristite da mu padni?
Промени во спиењето, ќе ти биде по успано но ќе се буди на секој 30 мин пола саат, им се нарушува ритамот на спиење. Кенкање, мрдање во сонот, будење со плачки, одбивање цицка/шише, по кенкаво, нервозно, навечер ќе ти станува мал милион пати ќе се побудалиш. Барем кај моето беше вака. И за заспивање беше хорор, сакаше да заспива во раце ама не ме оставаше да го држам во раце и да го нишкам се фрлаше целиот, плачеше. Со сила се заспивавме буквално.
Теменицата ја мачкаш со масло (можеш кокосово на пример или има бебешки масла) наутро и го оставаш така бебе и попладне во капењето убаво маслото ќе го измиеш со шампонче и по облекување ќе му ја чешлаш косичката со малку погруб чешел за коса. На пример таков е бејби нова чешелот.
По апликацијата повеќе од месец трае.. Ние сме сега негде при крај на 4ти скок, ноќе сака да се врти во креветче па ќе се заглави и кенка, па морам да станам да го вратам на грб и така секој саат, саат и пол. Некои вечери повеќе седам до креветче него што лежам. Нема шанси да заспие во креветче како што заспиваше, мора да се држи во раце да се успие. Некогаш млеко одбива а од секогаш си беше лакомо за млеко и цело шише го празнеше. Дневни дремки му се океј за сега и одприлика тоа е.
На моето за потпарено му помагаше судокрем. А за теменица пената/шампон на мустела што е за таа намена. За две три миења му се исчисти главчето
Моментално јас третирам теменица со шампонот на Мустела. Трет пат денес го користев, веќе нема лушпи. А за потпрена кожа судокрем или на веледа.
14та недела. Таму сум. Ау наредна недела влагаме плус у 4 скок. Г О С П О Д Е буквално спиеме го држам за рака дур он спие во креветче за да не го ставам на кревет.
Јас користам се од Веледа, со млекото за тело ја поминувам и на главчето после бањање и нема теменица. Можеш да пробаш.
Моментално спиеме по ова, луѓе спие мирно од 7. Он секогаш вржува ама вака спокојно со рацете и си дише убаво и све. Може му е претопло дома… инаку на гости сме кај баба собата ни е 20 степени
Мајки кажете некоја апликација за пратење на скоковите во развој, секој месец ли имаат скокови и колку време траат
За теменица на Фрезидерм уље и четкај со чешле често а кај мене вретчето му се стори ептен црвено и болно и матичната ми даде Афлодерм 3-5 дена да мачкам и после со Ла Рош Липикар продолжив, ќе се зацрвени пак од време на време ама не се прави така жар и да го боли како првиот пат. Ти види со твојот матичен можеби нешто друго ќе ти препорача.
Мајкички за надвор како ги облекувате бебенцава сега? Поладно е и се мислам дали чорапчиња или хулахопчиња?