Јас му облекувам само чорапи ама пред некој ден бевме подолго време надвор и кога го пресоблекував дома нозете цели му беа камен, само по тренерчиња. Така да ќе почнам и со хулахопки.
Ако седи во количка, јас би долу два слоја. Ако не сака хулахопки, памучни тенки како ѕиврички/пижамчиња под тренерки. Или покриено со кебенце врз нозете
Хулахопки на фустанче само. Подебели тренерчиња и термо чорапи на нозете, а од денес планирам и зимската навлака да почнам да ја користам. Ако ја најдам каде сум ја складирала. Лани цела зима така поминав, по потреба скафандер или ќебенце плус во најладното.
Па уште не е толку ладно, убаво покриено во количка да биде. Можеш високи чорапи, јас лично хулахопки не им облекувам никогаш. Само стапалата гледам да им се топли со дупли чорапи или некои подебели. На ептен ниски температури скафандер. Да се едитирам да ве прашам. Како правите зимно време со скафандери/јакни кога треба да се стават во транспортер? Во кола ги облекувате и соблекувате или замотани само во ќебе за полесно?
Очајна сум. Бебе плаче точно 2 саати без престан. Барем да беше плачење, повеќе вриштење, зајдување. Не се смирува никако. Преку ден е подобро, ама од друга страна, истото плачење за се нешто го употребува. Не знам што се случи, како скроз друго бебе да бидна. Среќа барем навечер спие колку толку по некој саат, инаку полудев. И секоја вечер, мислам да одам на доктор. Ви се случувало вас?
За надвор шпихозни и оние како мечиња што се скафандерчиња. Земам и плишано кебенце да има на нозе. Вчера малку ми беше ладно па му ставив боди за во соба под шпихозни, јао какво вриштење.
А да пробаш со масло од лаванда да го намачкаш? Или барем стави ти на еден прст и доближи до носот да го мириса. Кај моето некогаш помага тоа да се смири
Читам пишувате како спијаат со вреќа без ракави, имам таква еднаш или два пати сум го ставила во неа и малку ми е чудно на 20-21 степени рачињата му се ладни камен и не знам како да ја користам
И петовалентна во ноџето примија и затоа залепив лепенка. Исто на глава и јас не лепам..но добро поминавме. Фала❤
На ноџето залепив само кај што ги боцкаа истиот ден до вечерта им стоеше. Беа 2 дена кенкави, но помина.❤
Јас го имам на веледа, зелено шишенце е. Не е специјално за бебиња, ама патронажната ми дозволи да го користам. И во водата ставам кога го бањам Да се редактирам, пробај прво малку на стапалото стави да видиш дали ќе реагира. И кога ќе мачкаш најмногу до градите ставај, понагоре не
Мојава ја бакнуваат сите од фамилијата. И внуци и тетки и баба. Мајка ми како полицаец не им дава во образ, ама јас ги оставам. Џабе што ќе бранам дете кога син ми од училиште може се да и донесе, а на нему ни во лудило не би му забранила да ја бакнува. Да, гради имунитет. За првото бев малку постегната, ама никогаш не сум бранила бебе. Иста е и еве мислев се смири, ама трае уште.
Мојот од училиште трча право кај неа. Некни го оставив да ја почнува дури правам ручек, почна да плаче таа и одма се смири, го гледам прстот и го дал да цуца за второ сакаш, нејќеш поопуштен си.
Леле истото се случи кај нас, плачеше бебето и баткото секогаш трча му ја дава цуцлата. Овој пат гледам се задржа кај него со раката во креветче, одам да видам тој му бутнал прст во уста, ова па малото цица ли цица За првото ќе пукнев од нервоза, а сега се смеевме со маж ми. Не ми беше сеедно ама тоа е.