Мене педијатарот ми викаше да го будам ако спие повеќе од 3 саати. Тоа беше на почеток додека бевме сигурни дека добро напредува, сега спие малку подолго. Толку мало бебе јас го будев, само да се нацица и ќе си заспие пак. Сепак најмногу зависи од тоа како напредувате
Мајки со проблеми со кожичката на бебушите, пробајте го Београдскиот Мелем, најтопло го препорачувам! http://www.esensa.rs/proizvodi/Beogradjski-melem/15 Го имало и во Зегин, а јас го земав 250ден малото кутивче и 320 големото од ДМ
Ние се вакциниравме денес.Полио и хиб,а дтп оставивме за после една недела (секогаш ги делам вака).Поминаа два часа ,реакција нема сеуште ,се надевам ок ке биде.Иначе уште 2 дена ве дружиме овде и од петок се придружуваме на групата поголеми бебиња ,од 6-12 месеци.Хепи мама.
Мамички со што ги мачкате бебушките на лице,мојот се нафрла сум го мачкала само со павловичева и утредента како нов ама еве сега 3 дена не сака да помине само полошо е,и мн црвен како ситни мозолчиња.Ако има некоја лек кажувајте жал ми е да го гледам ваков.
Јас малечката не ја будев. Спиеше од 20.00до 08.00. Ми велеја да ја будам за цицање ама јас ни еднаш не ја разбудив. Килажа си качуваше доволно па не гледав потреба од будење. И ден денес не се сеќавам да се разбудила за млеко. А тоа што сега касно заспива е сосема друга работа
Конечно денес сме подобри. 3 пати бевме на аспирација, се чудевме со докторката како од толку мало главче искачаше толку секрет. Мајки едвај чекам да дојде пролет, да прошетаме малку. Буквално се затворивме дома, веке ме фака сафра Иначе наполнивме 4 месеции, многу брзо летна времетоо брееее...
kolku ste golemi ?? i moeto imase mozolcinja vo navodnici da recam oti samo se imitacija.. mislam deka se raboti za bebeski akni koi sami pominuvaat ne treba nsto da mackas,moeto bebe od lice do cela glava i na grb imase ama za dve do tri nedeli bukvalno pomina se,ama ne treba da mackas nisto samo mozes so voda da go mies i toa e se taka mene pedijatarot mi rece a i na net si citav jas
И моето дете спие убаво навечер. Намерно ја бањаме касно за со цицање да си заспие најдоцна до 01:00. Спие без прекин до 8:30 сабајле. Слушав различни совети - не се остава мало дете да спие толку, треба да цица барем на 2,5 саати... Па не се чепкало дете што спие... Ако е гладно ќе станело... Моја препорака ти е да видиш према детето. Ако напредува фино и ако не ти е шубе тебе лично, оставај го да си спие. Јас морам да ја дојам често, со оглед на тоа што не напредува by the book. Ама правам компромисно "цицање" без будење, бидејќи детето спие ко топ. Ја нудам градата, и таа после некое време рефлексно си ја фаќа и си цица. Цица 30 мин од кои 15 активно, а 15 се успива пак. Ја враќам во креветче и си продолжува да спие. И така на 2,5 саати...
Ааа, не се грижи за бубулиците. Тоа се бебешки акни, ништо не ставај, особено не павловичева на лице, мрсна е. Ќе ги снема сами. Може и пак да се појават на друго место.
Извини, ве помешав, тоа брше за @tincemajmunce . Тебе сакав за качувањето на килажа. Малку е 300 гр за прв месец, и да спие а гледам ти спие и по 7 саати без прекин, ќе го будиш бебето. Не ги будат доколку убаво качуваат на килажа. Претпоставувам имаш млеко, оа не мора одма ад, туку повеќе цицање.
Да, знам дека е малку. Ај денес ќе видиме оваа недела колку качила. Не знам на што се должи сето тоа, можеби и на тоа што и јас не знаев што да направам на почетокот... Затоа сега имаме обавезно и ноќни подои, во кои не ја будам туку ја дојам додека таа спие. Работата е ако ја разбудам да се рассони, после тоа 3 саати ќе биде плачење и молење за повторно да се успие. И уствари ќе дојде време за новиот подој а само што заспала... Не заспива лошо, ама кога ќе и се скрши сонот, не е многу фина... Затоа решив да пробам да ја дојам без да и го кршам сонот. Вака ја земам, и давам да цица, си цица и си голта убаво, пола саат, и пак назад во кревет. За млеко, мислам дека имам, купив и пумпа и експериментално се молзев за да видам колку имам. Пијам 2 л чај за доилки дневно, таблети пивски квасец, се молзам кога можам за да ги испразнам скрос градите (иако детето убаво ги празни), еден тон течности.. Сакам да кажам, што е до мене, правам се што можам за лактација...
Ич не ја буди доколку ви успева да цица без да се разбуди, мислев дека спие сврзано 7 саати без да цица. Исрено имам пријателка на која бебето исто така првите месеци и качуваше по 300-400 грама а она имаш млеко на претек, а после тоа бебето беше супер. На иста возраст се со син ми и сега е дури понапредна и од него. Поентата ми е и ако ти инсистираат на дохрана нека биде тоа еднаш во денот, не се откажувај од доење. Ако само пие ад брзо ќе ти го снема млекото. Продолжи да нудиш и да се измолзуваш на секои три саати (ако почнеш со ад).
Здраво мајки...како нова мајка на форумот за Бебе имам доста прашања во врска со мојата ќерќичка која е само 20 дена и родена предвреме во 35та недела но комплетно здрава ја пуштија од болница заедно со мене. Редовно ве читам и применив многу совети од форумов. Од болница ми кажаа освен доење и да се измолзувам и да и давам од шише бидејќи нема капацитет да исцица бебето доволно млеко. Така и правам но имам проблем со тоа што е многу успиена , на града заспива макс за пола час но некогаш и за 10 мин и немам претстава колку исцицува. Жал ми е кога ја будам но знам дека морам . Првата недела имаше качено 200 гр но втората само 100гр. Има ли некој некакво искуство со доење и шише и кога би можела да останеме само со доење. Некогаш се мислам дека ќе навикне на шише и нема да сака на града.. Исто сакам да прашам за бели мали точки кои ги има на лиценцето на носето и обравчињара дали треба да ги мачкам со нешто или да ги оставам и за ситни влакненца кои ги има на челото за колку време се губат ?
Убаво си кажа и сама, дека ќе се навикне на шише. Ако имаш млеко нема потреба да се измолзуваш, нека цица бебето колку сака и кога сака. Не знам како така погрешно те советувале од болница. Бебе мора да цица за да надојде повеќе млеко. Од шише тече повеќе и затоа може многу лесно да одбие да цица. Итно исфрли шише! Јас користев јакодерм за лице. И да не мачкаш само ке се изгубат бебешки бубулички се тие.
@ZojaP да ти е жива и здрава малата, голема да расте! Штом се измолзуваш, може и со шприц да и даваш за да не се навикне на шишето. Така ќе биде полесно за тебе. Сметај дека количински не може да јаде многу повеќе од 50-70мл, еве и 100мл нека се, уште е малечко, па не давај премногу. Ама и форсирај да цица, колку што може повеќе, постепено како ќе зајакнува, ќе влече повеќе. За лицето не мора ништо, а може и јекодерм. Ќе се исчисти со тек на време.
мајки добро ви утро,еве пак јас да ве прашам за мојот 'проблем' пишав пред некое врме дека бебчо ми има влкненца темни на челото и надусницата еве пет месеци имаме уште не се паднати..ја сзабременив со кломифе и до 3 месец пиев утрогестан тоа има некаква улога знам но дали ке паднат дали некоја мајка имала вакво искуство зашто сега кога сме надвор на сонце а и на светлина се познаваат и ми смета тоа на моето слатко беебе фала мајки ...секое искуство е добредојдено имајте убав ден
Јас утрогестан користев до 6 ти месец а влакна малата немаше.Кломифен си пиела пред бременоста ,незнам дали имал тој удел во ова.Дали имаш прашано педијатар ?