Ја зимам ја гушкам некое време. Вчера многу силно плачеше едвај ја смирив, почна секоја ноќ да плаче ама не толку силно како вчера и секогаш се случува ноќе.
Исто, пукнав. Се надевам заврши, веќе 19та недела е бебе според датумот на раѓање. Веќе 2 3 дена заприметив враќање на апетитот. Валгда има крај овој скок хах.
Мене ми личи нормална. Што ти е чудна? не се гледа баш, ама и мојата знае ваква да извади некад у повеќе нијанси
Порано беше покремава хахах сега изгледа помешана со урина дека е. Не знам веќе се почнав да анализирам
Мене со третиов мме не знам како ќе е со овој. Значи еве денес 3 дремки од пола саат. За да се успие во 5ипол попладне и еве го уште спие. А за успивање и доење борва водиме... Денес заспа во раце на свекрва ми со цуцла. По цел ден да е во раце и да се шетаме низ соби да разгледува. Окапавме. Се си мислам и кога ќе заврши третиов скок ќе си е таков...
Кралици зошто скоковите на мое бебе му одговараат со раѓање а не со термин? 38ма е роден односно 2 недели порано од термин.
И мене со раѓање му одговараат, а порано е роден 4 недели цели. Еве искача од 4тиот скок, 19 недела од раѓање.
Ние влеговме во 4ти скок. До сега не следев скокови. Ама овие два дена од мака ме интересираше да видам дали е во скок случајно. Воопшто не спие. Спие само во раце. На кревет не, и ако успее да заспие станува на секои 30минути. Воопшто немам спиено. И кога спие, спие немирно, цело време прета и се врти лево десно со главата или плаче во сон. Нон стоп прозева и се спие почесто ама не спие или спие максимум еден час. И не цица како претходно. Послабо цица. А и од едната страна послабо цица ја фаворизира другата. Не знам веќе со што да ја занимавам денски речиси нон стоп е будна и го поминуваме во заспивање и презаспивање. Навечер истото се буди секои 30 минути. До кога трае ова? Вака без спиење не знам...