Не. Педијатарот рече да видиме со пртопед ако има потреба, он не препорачувал посебно во лето. Ортопедот кажа дека широк повој не помагал кај колкови, некакви каиши се носеле ако има потреба.
Женски ви кашлат ли бебињата како од плунка или кога и е отворена устичката подолго време? Страв ми е да не е нешто од настинка а да не забележам И уште нешто по која апликација ги следите скоковите.?
Мајки како ги користитр капките coliprev, малку ми е нејасно во упатството, ние сме 4 недели и пишува од 6-10 капки по оброк во мајчино млеко...ако бебе цица на час и половина значи ли дека во секој оброк треба по толку капки? фала многу
И ние сме во него веќе 6 дена исто е хорор со тоа што моево барем навечер спие иако немирно, прета, плаче понекогаш и се буди но заспива за разлика од дење, дење е хаос од плачки за во раце, плачки за спиење а не заспива, плачки за јадење док не прегладни
Јас и давам 7-8 пати дневно. Некогаш цица и на саат ипол и на саат, некогаш на 3 ипол/4, како и да е гледам да и давам 7-8 пати дневно. Најдобро ке оцениш според тоа колку пати на ден цица и ке знаеш, мада мислам дека нема штета и да даваш на секој подој.
Да на секој оброк моето беше како твоето на 1,5час а после кога наполни 2,5.месеца му скокав по некој оброк со капките
Не ставив широк повој воопшто. За некој ден 5 месеци ќе прави, прегледана кај ортопед на 2 и на 4.5 месеци, се си е како што треба. Јас мислам дека редовното давање на витамин Д3 е многу важно и можеби и вежбите. А доколку има некој проблем широк повој не го решава барем тоа е ставот на одредени ортопеди.
Малата ми е два ипол месеца и сега два дена почна да спие навечер по 4 сати, а пред тоа стануваше на два сати да цица, е сега незнам дали да ја будам или да оставам она кога ке сака? Нели е мала да ја оставам 4 или 5 сати да спие а да не и дадам да цица? Незнам што да правам може и ова е нормално
Ништо. Не се чепка зошто може да си го разбудиш само. Го оставам, може да тапкам по газе нежно и после некое време сам се смирува. Обично навечер се случува кога има премин од полесен во потежок сон и тоа им е малце стресно на бебушите зошто уште не знаат како нас да си презаспијат, им доаѓа како некој на сила да го буди.
Ќе почнеш да си ја заспиваш порано. Кога и да ја легнеш ќе ти стане во 6 затоа ја мојот го заспивам во 7 и од 7 до 6-7 си тера. Ќе почнеш и да намалуваше ноќен подој, нацицај ја убаво пред спиење и после давај цуцла ако треба или залажи ја со чајче. Ќе си створи навика со тек на време, може е и во скок па ќе помине. Јас мојот го ранам пред спиење, после еднаш му давам во 11-12 и после дури сабајле , ако стане преку ноќта цуцла или малку чај па си продолжува. Моето се лигави од месец ипол и уште тогаш ми се запнаа аа готово запче. Не, тоа е нормална фаза и сите бебиња ја поминуваат а згора на тоа и немаат рефлекс да си ја голтаат плунката па нормално е да им тече надвор. Еве сега има 5 месеци и уште се лигави премногу а запче нема. Кашла цело време се засркнува, нормално е. Ако напредува добро оставај си ја, има деца спијат цела ноќ од само раѓање, и моето на тие месеци врзуваше по 4 5 саати прва вечерна дремка па после се будеше на 3ч.
Не знам што е кај мене помина скокот, се разбуди вчера со дерење и морав за рака да го држам до сега.
Исто прави и мојата и исто е дваипол месеци и првта дремка и е толку. Уште од 2 месеци почна така да ми спие, прашав педијатар рече остави ја зошто беше добро напредната, а ќе а мериме пак вика за некое време ако ти е мисла. Завчера и се собраа 6 саати ама у втор скок и не спиена убаво преку ден и не ја разбудив ми беше мака ама една вечер беше тоа сега пак е исто.
Мами, бебето ми е 5ипол недели, почна да си го става рачето во уста и да шмука, небитно дали е најадена или гладна, го прави тоа цело време. Дали вашите бебиња го прават ова и дали е нормално?