Јас често му ги мијам, само навечер кога ќе заспие оти подолго време спие, веледа од невен му ставам.
Јас од Алиекспрес нарачав ама исти ги има и на babymaybe.mk на инстаграм. Само мојата еве за 3 месњца користење тапа е веќе, па нарачав од странава. Мислам и @Erika.greeneyes нарачуваше тука.
Мајки од кога почнавте да ги седнувате бебињата? Бев на ортопед, рече седнувај го под агол 45 со твое држење нели нормално. Бебе е 2 ипол месеци. Некако мисла ми е, нели е многу мало?
Јас го седнувам од два и пол месеци така. По препорака на видоевски. Исто седи во релаксатор под 45 степени и во количка
Од 2 месеци го ставам под агол, на 5 месеци на ортопед ми рекоа да правиме вежби за седнување и да го седнувам со помош на перници и сл. Ама ништо форсирано.
И мојата е два и пол и преку ден дури не ми е в раце ако не е под агол не сака да лежи, самата се крева со главата од лежечка позиција.
Комплетно исти сме, полудев веќе до утре сме 1 недела во 4ти скок. Скроз друго бебе, денес немав време ни да се измијам, плаче штом ќе се оддалечам од него. Поспа надвор во количка но со вриштење се облековме. Се препотив додека излегов.
За првата вакцина отидов без да ми се јават, за следните ми закажуваа они кога треба. Различни пунктови, различно функционираат.