Мајки вие што ги доите бебчињата дали внимавате што јадете и ако внимавате до кој месец? Јас пред секое овошје, зеленчук или било што да каснам проверувам на интернет дали би било штетно за бебчето.. знае некоја што треба да се избегнува?
Зелено. Грашак,леќа,зелка,спанаќ,краставица... Грав,јаткасти плодови,газирани сокови, млеко и сл. Овошје и зеленчук да јадеш без лушпа. До 3 месеци после може постепено да се внесуваат. Јас пробав грав сега брзо инаку сме 3+ и немаше никаква реакција.
Според нови истражувања исхраната на мајката не влијае никако на грчеви на бебето. Односно препорака е да се јаде се што е здраво и тек ако се примети дека некоја намирница прави проблеми тогаш да се избегнува или внесува ограничено. Ама со оглед на тоа дека на повеќето мајки грчевите и без тоа им се трауматично искуство разбирам ако некој не сака ич да ризикува. И јас избегнував на почеток, после јадев све.
Денес подобри. Фала ти за загриженоста. Барем и преку ден имаше неколку дремки. И ноќеска ми спиеше подобро за разлика од претходната се будеше на 2 часа а не на пила час. Е сега да видам оваа ноќ како ќе поминам. Да. 800ден ја платив. Кога бешемала ми вршеше работа пошто ми беше страв да и ги сечам ноктите ама искрено на краевите не ги сече убаво и потоа се гребаше како маче. Сега со ноктарче и ги кратам али многу прета и два пати до сега и пуштив крв
Ние многу често сме само со една рака пределени ноктиња Јас со ножички и сечам полесно ми е од ноктарче
Можно ли е да влетавме во 4 скок недела и пол порано? Не знам како да го објаснам однесувањето. Имам дома драма king. Значи се разбуди у 4 се смееше па се дереше титаше со нозете како да е 9 сабајле. Цица цело време по 30 минути. Дремка ако има има од 45 минути а беше бебе спијач значи се сака да види да фати и пробува да се сврти и се нервира тоа е тоа. Ако не е четврти скок кажете што е зошто тешкичко е
Малку плаќа државата за овој full time job. Реално претешко е од 4 до 7 секој ден. Успиј заспиј изиграј нацицај. Цицките ми се како виме на крава. Не се жалам среќна сум фала ти боже за дарот ама брате кога го чуваш сам дома инкога сопругот ти е на рабпта од 9 до 5 и кога се убивате од работа и пак парите се малку со оглед на лудите цени нормално е да попуштиш малку. Ама ќе се насмее и ќе згрее душата тоа е.
Да се гушнеме ела Ја сум со дете 4 годишно и бебе. Бебево ко прво го осеќам, ништо не ми смени искуството од првото. Паники сум како тебе и многу ме потсеќаш на мене со првото дете.
И јас на почетокот со ножички го измасакрирав сироткото бебе, е сега со ноктарче сечам и му пеам додека сечеме нокти за да не ми прета толку и немаме проблем
Баш ова го коментирав пред некој ден кога ми дојде решението за породилно и гледам кај што пишува саатница одобрена толку и толку денари.. Пресметавме мм зима повеќе од дупло од од тоа за помалце работа... ама тоа е . Порано си работев од дома и супер ми беше, сега едвај чекам да се промешам со луѓе малце
Не знам како ќе се решам за второ, а дечар сум мајке ми уживам со деца. Ама не мислев дека е вооолку тешко најубаво сите да се изгушкаме ќе си потрае, кој знае како е со две
После колку време од примена анестезија за вадење заб можам да дојам? Се измолзев 2 пати по 100мл до сега.. Во 8 сабајле ја примив. Стоматологот рече дека е без адреналин ама ми е "шубе" некако
Мајки, косата после 3 месеци паѓа што паѓа ко луда. Се мачкам со некои лосиони што ми помогнаа во прерходната бременост ама вајда треба време да делува. Прашањето ми е дали е за фарбање коса што паѓа многу или да си почекам?