Истата дилема и јас ја имам Толку ми е подрасната косата што ми е срам меѓу луѓе да одам , се мислам дали да се фарбам или да го земам тој спрејот што е за покривање на седа коса ( зошто јас тој проблем го имам ) па по потреба да се замаскирам
А има ли отприлика време колку ќе паѓа косата? Без коса ќе останам кај и да е. Пред да останам бремена ми паѓаше многу, во бременоста ми се згусна и сега како луда паѓа, насекаде влакна има не можам да ги соберам.
Моето бебе е 10 месеци и уште како луда ми паѓа косата. Кај и да е ке останам само на едно влакно и покрај тоа што имам премногу густа коса
Мене од трет месец некаде почна да ми паѓа и мнооогу ми попадна, сега е по контролирано но има периоди од циклусот пример во овулација кога сум пак ми паѓа многу. Се е тоа хормонски и треба време да се регулира, познавам некои жени што и со години после раѓањето косата продолжила да им паѓа.
Јас не сум бела ама па сакам да ми е стокмена косата. Кај не ја шаритам барем фарба да ставам да заличам на човек
Ќерка ми е скоро година, а јас секој ден влакна собирам од паркет. Остана уште паштета да отворам и таму да си најдам влакно Еве и ова додека го пишував, ми замириса на влакно, гледам на ринглата си паднало едно. Викам супееер. Нема крај ова
Можеш слободно да доиш дури да е и со адреналин, нема врска анестезијата, тоа ако ти е шубе препорачуваме да почекаш 2 саати инаку ако правиш снимка да се снимаш, е тогаш се препорачува да го скокнеш едниот подој
Мајки бебе ми е скоро 1 месец и од вчера приметив дека има доста потечна столица. Речиси и да нема зрнца во неа но е со жолта боја како распрскана низ цела пелена. На ексклузивно доење сме, секој ден прима биогаја, колипрев бидејќи е интилерантен на лактоза и епомисан по 2 пати на ден за грчеви. Дали има простор за паника, да се консултирам со педијатарот
Помина скокот, ама бебе беснее уште. Не знам кај грешам, дали ја оставам преку ноќ да спие многу и после преку ден е само кенкање. Па да биде уште позабавно фатив мастит како воз да ме прегазил. За Нова годи Дур спие не ви е послесно? Јас и со турпија само тогаш успевам.
Моето цело време има такви столици, од гасови секоја пелена е како жолта, цица турбо и напредува, нормално е
Кажете кко ги перете теретаните играчките и све остало и колку често зашто малово све става у уста од пред два дена значи буквално све и подлогата ја лиже
Јас приметив пак по нозете и пазувите ич не ми растат влакна ептен споро, а за коса не сум приметила да паѓа
Кога ве читам за паѓањето на косата страв ме фаќа. Пред бременоста многу ми паѓаше, имам како голи дупки по цела глава, среќа густа ми е па успевам да ги скријам. Уште што не користев, ништо не помогна. Во бременоста престана да паѓа и многу ми растеше во должина, ама ќелавите делови си останаа Сега ако почне да ми паѓа пак, мислам дека скроз ќе оќелавам Има некој начин да се спречи?