Педијатар ми нагласи, само под мишка мерење температура. И ние сме за прва вакцинација и отидов со прашања баш околу мерењето температура.
Со бесконтактен мерам јас. Првите вакцини мерев почесто од паника, на саат-два и само го пипкав на чело. Со тек на време ќе научиш и на допир дали има или нема температура. Колку ти покажува бесконтактниот?
37, 5 или 37,6 скоро секој пат кога мерам на бебе. На микролајф ми е. Може не правам нешто како што треба.
И јас го земав тој ич не ми е верен. Мислам ми брка работа само за следење, ама ако треба да давам сируп си мерам со обичен под мишка, овој бесконтактниов 20 пати да измерам 20 пати различно ќе ми даде. Инаку ќе осетиш ако почне да качува па и на допир.
Јас го земав тој од уво што мери , супер се погоди. Инаку превентивно ништо , лепенка можеш да ставиш на местото каде што е боцнато , јас првиот ден ја менував на 6-7 саати лепенката и толку
Почна малово последниве денови да вришти и жално плаче во сон.. Одприлика саат време од кога ќе го заспиеме... значи спие мижи и се откорнува од плачење, ништо не го смирува ни нишкање, галење, држење за рака.. Мораме да го земеме во раце, да го разбудиме и од почеток заспивање... При крај сме на 4ти скок и мислев дека го поминавме најлошото ама изгледа не.. Сте имале ли ваков случај и како да му помогнам.. ?
Моето со вакво плачење извади заби на 6 месеци. Околу 5 месеци почна да цивка во сон. Ама тогаш имаше и инфекција на уво(излечена, ама јас паничев да не е пак увцето), па извади заби после 20тина дена.
Ако мрда покажува тт секогаш. И јас го имсм тој треба ич да не мрда. Јас кпга цица или кога спие и мерев.
Па и мене исто, затоа прашав. А имав неколку дена од септември и ми исплатија а решение не добив. @anngelique ете покасно значи стига. Фала ти
Мама на почетокот по малце давав 20-30 мл првите недели, се препорачуваат 50мл до 2 месеци од 2 месеци 100, ама немаше потреба од толку многу. После му наголемив. Сега давам само навечер да го одвикнувам од млекце. И не гледам зошто дигате фама одма за тој чај. Секоја мајка ќе си избере што е најдобро за нејзиното бебе. Ако знаете да одговорите, одговорете, не правете стрес на новопечени мајки. Докторка и препорачала, ние овде не сме доктори.