4 скок сме ние, кај мене така се буди секое утро веќе 2 недели. Никако неможам да го смирам, го земам во раце да го разбудам па да се смири. Нема шанси да успеам во спална да го презаспијам па спие во количка после тоа..
Кај мене ноќе и исто после го заспивам во корпата од количка ама веќе кнап му е а многу ми се наоѓа, што ќе правам без неа не знам
Да не е преморено? Пратиш прозори на будност? Јас кога не го успијам за макс 2 часа после ми се буди често и не спие мирно
@Anturium @Mari-Li @Srcka28 Просветлете ме девојки, моево само спиеше ама како направи 1 месец не му го сфаќам спиењето. Ништо не памтам од првото дете Колкави се вашите бебиња и дали веќе имаат некој ред?
Па јас се сеќавам дека некако му направив ред, точно се знаеше кога спие ама не се сеќавам како Мислиш пред 20 год било И да прашам, како се рачуна колку мл млеко треба да пие? Докторката некако ми рачуна од-до ама не знам како. Гледам некако не му стигнува, како се уште да е гладен дури и порано се буди од дремка и одма плаче за млеко.
Следам wake up window and baby sleep ( вака може да изгуглаш за да си најдеш за возраст на твоето бебе) и будност држиш соглсно возраста па се успивате. Не е некој ред, ама пазиш да не е преуморно. Тогаш е потешко и за заспивање и станува нервозно. Вака со ова и навечер ми е помирна и тераме некако Не сум правела вака со постарото дете, ама сега гледам дека ова ми олеснува. Има поквалитетен сон и кога е будна е весела. Прозор на будност следиш и пратиш времето кога бебето е будно помеѓу едната и следната дремка.
Јас искрено почнав да го оставам да се премори скроз очи да му се затвараат и тогаш заспива за 5 секунди, ќе покенка малце ама одма заспива. Кога гледам по саати колку е буден и пробувам така да го заспијам се заспиваме 1 саат со тегнење и плачење. Секое дете е различно така да не се водам многу многу по тие прозори на будност колку треба да траат.
Па да, се слагам дека секој треба да си го најде начинот кој успева и пали кај бебето. Па и кај мајката
Јас засега, му менувам пелена, давам млеко, го играм малку, давам вода и го легнувам. Одма заспиваше вака ама сега нормално подолго е буден. Па пак го играм, ќе го прошетам низ стан исправен и пак го легнувам. Ама некако уште не можам редот да му го фатам кога му се дремките. Навечер нема гајле, во 22h го легнувам, ќе го погалам по коса и спие до 4-5h. Месец ипол е.
Па и ние немаме време точно во колку и се дремките , само гледам повеќе од саат и пол да не е будна зошто станува кенкава ,плаче , ние сме полни 3 месеци и првите месец дена беше хаос , полека почнав со прозорци на будност и веќе е по друго , по расположена е , на почетокот ја зимав и јас ја успивав сега почна сама да дава знаци дека и е време за спиење , штом и се зацрвенат веѓите спремна е Мене многу ми помогнаа , јас по овие се водам
Цело време пратам прозори на буддност максимум 90 минути, спие по 45 минути . Не е тоа него скок четврти е и плус регресија