И јас после првиот скок почнав да го успивам, најтешка за заспивање е првата дремка околу 10 часот, тогаш се успиваме во раце околу пола час со плачки, ама ако не заспие тогаш после цел ден е уморно со дремки од 10 мин. Вака кога го успијам си спие околу саат-два, а веќе следните дремки заспива сам во креветче, ама гледам за саат време макс да го ставам и си заспива за 10-15 минути. Вечерта го легнувам пред 9, за во 9 веќе да спие, и си спие до 8-9 со 3 будења за млеко. Ова е вака откако почнав прозори на будност да пратам, претходно беше хаос со спиењето
Јас почнав на саат и пол да ја успивам , малку по малку да зголемуваме будност , ама и детето си го пратиме има денови кога и се спие и се плаче и ја успивам порано
Околу прозорите на будност. На heysleepybaby имаше објавено дека се всушност добиени произволно од тоа колку уствари бебето по возраст треба да спие. Па така си направиле шема дека бебето на Х возраст треба да има толкав прозор на будност, а всушност е поважно да се запази вкупниот број на часови во деноноќието за здравиот развој отколку ова со прозориве. Не дека ќе биде штета, ама едноставно е индивидуално. Убав е профилот да ве тргне од сите мисли дека нешто грешно правите или не правите.
На здравје! Ни примивме прва превенар со шестовалентна и прва рота, само грчеви имаше и поспан беше. Едит: после скоковите знам поспани се. Ама дали и цицаат повеќе? Моево ептен сака да цица сега, ама сеуште преферира само од една страна да го дојам, па мора да правам акробации кога менувам града.
Дебелко е, ко го видов си реков онака тенко е, ама внатре потставата или како се вика е како фротир и плус крзното одозгора..
Јас боди и чорапи ставам па одозгора шпихозни. Се мислам многу е, ама од друга страна и јас носам блузон, маица со кратки, па долна маица и одозгора јакна.
Мајки д3 од кои давате? Сега сме само на д3 и омега па не знам дали да земам некои други. Бејбитол пола на прсти ми останува.
И јас скоро истото го прашував да го сменам бејбитол омега ама не добив одговор. А за д3 можеш пливит или вигантол од странство. Солдевит исто има едни ама мене пумпата не ми се свиѓаше, некогаш капнува, некогаш не, а со дете што се бори треба да си на сигурно.
И мене овие од бејбитол пола на прсти пола ги плука кога ќе видиш ништо не останало. А за витамин ц сакав да прашам. Дали сите имаат некој гаден мирис или само овие што ги имам јас? Многу и се гади од нив дури и на повраќање и доаѓа се закашлува, има и повратено. Жал ми е да ја гледам. Препорачајте ми друг витамин ц ако знаете некој што не е толку грд.