Jamieson е подобра варијанта за д3 од пливит, на маслена база е и подобро се апсорбира. Омега имаше некој пишано низ темиве ама не ја запамтив. Во уста директно не успеваш да дадеш? Кога разговарав со педијатарот за ова, она вика предвидено им е тоа што ќе остане на лажица или при отварање што ќе излезе. А исто од кога почна да јаде ортопедот советуваше на лепче да капнам да знам дека примила цела доза, па некогаш и така правам.
Ако не мора стриктно само ц витамин тогаш babyvit можеш, поголемиот ги пиеше со сласт, само не знам од колку месеци смее. @GoldenFrida Кој педијатар ако сакаш да кажеш? Конечно некој да препише нормална доза д витамин, мене сите педијатри ме караат колку давам, а се консултирам со ортопед.
На бејби витал давам јас убави се. И пико ц давав ама тоа ми личи ко да е полно со шеќер ептен беа благи прстите ми се лепеа а и паковката не ми се допаѓа ич не е практична.
Јас прв пат дадов кога ми се разболе на 2 месеци негде по 2 3 капки. Сега му давам пак од кога залади и почнаа вирусиве. По 3 4 капки, инаку се дава од 6 месеци цела доза.
И ја да се пријавам во клубот на недремачи. Фала Богу уште спие навечер и тоа маратонски од 19 ќе заспие до 10 сабајле, нормално ќе стане да цицне и кома. Ама дремките се туго мори мајко, а излеговме од 3ти скок да се разгледува, само анализира, не ни јаде ќе ја ставам на града муабет и смеење па ќе се премори и плаче и кенка само а никако да заспие едвај 30 мин и се буди. Ја носам надвор врапчиња да и пеат за да спие, не можам да мрднам од неа буквално стана лепенка а тоа не сакав ама кога сум сама изгледа неизбежно е. Се мислам да ја будам сабајле порано, ама па ако пак не дремнува пак и ја ќе бидам зомбие а она уште понервозна. Немам памет, па уште и со мастит имав проблем можда и гладна беше па затоа и нервозна. А надвор кога е или у кола спие ли спие, ама ај дома да не се прибереме мм работи ја со неа сама само пред зграда. И така увек неки проблеми… постот каша попара него дајте некој совет или да оставам вака да не си ја барам бељата. Кај и да е иде 4ти скок не знам што ќе се прави, не сум спремна психички.
Навечер нека си спие остави ја до кога сака и колку сака. Тие што не спијат дење не спијат па ако сакаш разбуди ги и во 5. По моето си знам.
Во количка спие? Иначе кај нас дремките траат 20 до 30 минути уште од втора недела (сега сме 14 недели), најчесто имаме 4 дремки, понекогаш и 5. Сум пробала многу работи за да и ги продолжам, џабе (освен спиење во раце, ама тоа не можам секој ден, само за посебни прилики хахаха). Пробувај различни начини за да спие, ама помири се за да си заштедиш сили.
Спие надвор во количка, во car seat, по mall-ови… сегде само дома не . Дома баш така ќе заспие во раце, ја спуштам и хистеријата почиња па висам со града над неа да презаспие и така за да се разбуди за 30 мин максимум. И ние сме 14 недели. Среќна сум кога времето е облачно и врнежливо тогаш за живо чудо спие цело време, ќе почнам и јас да уживам во такво време. Ќе се помирам, ама некако тука кога ќе се пожалам ми е полесно.
15 часа спие? Од 7 вечер до 10 сабајле? Тоа е баш долго време и после тоа нема sleep drive затоа не дремнува, изгледа и е доволно тоа.
Да, па и јас така мислам. Се буди во тие сати ама презаспива. Нема никаква активност освен јадење и ако и сменам пелена. Само не знам дали е во ред така.
Мислев матичен некој да не имате, и јас го носам на приватно. Нашата матична е добра за лечење ама вака за месечни контроли е малку во претходниот век.
И ние сме 14 недели изгледа денес премногу спиеше денски за сега да не сака да ми заспие. Едвај го успав, после цел саат успивање Џабе пратење прозор нљ будност, преташе со еаце, со нозе, гледање во очи и гугање, па смеење... И така во 15 до 6 некако заспа. Е сега што ќе ме советувате, со тоа што обично во 7 легнува. Да го оставам да спие и само за цицање и менување пелени да го размрдувам, или за саат време да го будам? Нормално не кладично будење, туку со палење светло, јас да се раздвижам, да исклучам бели звуци...
Моето исто во скокови се понаша, вчера едвај дочекав да дојде мм од работа и да го земе малку во раце, грб, кичма раце ми паднаа веќе а навечер спие. Тоа со врнежливото време кога е успан мислев е само кај моето, ја ич не сакам дожд ама како тебе изгледа ќе уживам и јас, бебе спие ти раат!