Да и моето плаче. Не секогаш ама мислам подобро да плаче, оти кога не плаче мислам дека ко со лав да се борам мајко моја прета со раце нозе удира се тегне ....
Исто исто исто. Последниве неколку дена заспивање катастрофа, а го легнам се буди, се буди цела ноќ на секој саат ,се врти, кенка. А сабајле во 6 е станат... плачам за сон. 5 месеци сме, се надевам дека е само период.
Надвор од темава Ама зш пиете антибиотик за настинка или грип не можам да разберам? Не ме сфаќај погрешно од кај ќе знаеш ти си слушаш доктор ама антибиотик се дава само ако има бактерија, и тоа по антибиограм. Не знам какво е ова препишување антибиотици за се нешто и плус компромитира имунитет потешко ќе се избори организмот, не разбирам стварно.
Исто скрос и ние излегуваме од втор скок , една вечер е арна друга вечер (сега) 2 саати заспиј стани нишкај и се во круг, кичмата ме уби а богами и нервоза ме изеди
Најјако е комбинација неспиење и грчеви, две во едно. Ми е страв да мрднам, едвај заспа, бешиката ќе ми експлодира. Сума сумарум....
И моето е во некој скок изгледа, се разбуди конечно, по цел ден е буден, дреме по 15-20 мин, реагира на секој можен звук а прилично сме бучни, сите дома јас маж ми син ми,каква бела бука, ние сме лудило по цел ден, тв пуштен гласно, доста и толку спие, син ми е 300 на саат цело време збори, писка, се смее, го буди на 10 мин,само ако го земам во раце кога е до гради не реагира на ништо, буквално е у фазон мама ме држи цицката е тука викај бато колку сакаш.Кај мене си седи мирен и буден, му зборам, му пеам, син ми цврчи плус околу одма е љубоморен ама се снаоѓам, бар не шетам маратонски.Среќа маж ми помага околу домашните обврски, јас се занимавам со децата.Бебето почна да гука, нешто брбори се смее, се радува, се возбудува ако му збориш насмеан одма се смее, и цело време рачиња лапа во уста, многу често цица и си бљуцка цело време,јас не гледам на час за хранење цело време е цицката на изволте, ако поврати пак цица, ако ика пак цица па пак повраќа па пак цица и така по цел ден во недоглед или го пресоблекувам или го дојам.Навечер си го носам во спална и тука имаме некоја рутина веќе , цица околу 1 тогаш јас си легнувам и го пресоблекувам тогаш, па се буди во 4, па во 6 тука веќе сака да се закача пак го пресоблекувам до кај 7.30 е буден па после пак презаспива и доспиваме уште два саати негде.2.5 месеци има.
Кога ќе почне да му се затвараат очите , понишкај го уште некоја минута да заспие убаво па после премести го , ние за навечер немаме проблем ама за преку ден кога ќе заспие седнувам на кревет со неа во раце потпрена убаво да се успие убаво па ја легнувам инаку одма ги ококорува очите Јас не знам што повеќе ме боли врат , плешки или кичма , сум почнала грпка да имам кај вратов
Ве молам некој ако може да ми сликате како изгледа аспиратор за носе што се уклучува на правосмукалка. Со овај што јас влечам, ништо не можам да извадам. Дали тие се по ефикасни?
Вие си знаете, антибиотик се вика зошто се бори исклучиво против бактерии. Затоа се поболни деца има, зошто се задоени со антибиотици за болно грло.