Потполно се сложувам. Коса ми се крева на оваа тема. Големата ќерка од бебе ми ја отруја со антибиотици за се и сешто. Малку зацрвенето грло, а вирусно оп Цефалексин, Алмацин итн итн... За кашлање исто, за ларингит вирусен исто. Јас исплашена, прво дете верувај и давај.
Јас не давам пред да направам брисеви и хемокултура, во никој случај. Постои брис од грло, нос, очи ,уши итн. И после не делувале антибиотиците ќе лечиш една стрепто 2 месеци, а недајбоже па стафилокока. Епа нема да делуваат за се нешто лупај антибиотици. Едно време беа забранети не смееја во никој случај без антибиограм да даваат ама сега се е дива лига.
Топ е. Се вади. Но, го користам за поголемиот. На бебе ми е страв да влечам со ова и ако има потреба користам носе фрида.
Оф и мене ми е страв, 6 месеци е бебе ама очајна сум, не знам веќе што да правам. Ни матичната, ни замената не ни работат денес, а да одам на дежурен ќе не вратат зошто се не нормални, ќе треба скандали да правам. Гревче ми е, ептен се мачи :/
Да ама ти очигледно не ме читаш погоре дека направена е крвна слика и според покачените вредности сум за антибиотик. Не можам сега да ја барам крвната слика. Мене не ми е само грлото болно. Од кревет не можам да станам. Пишав и погоре најголем противник е на антибиотик секогаш дава витамин ц и фервекс. Чим мене антибиотик ми препиша значи сериозна е сликата. Не можам јас сама да се правам доктор.
Хемокултура? Ова е премногу веќе . Има ситуации каде мора веднаш да се делува. Високо ЦРП, скокнати гранулоцити, леукоцити, саати значат не пак два дена да чекаш брис. Инаку, школски е така. Ама петок, дете гори од темп. лоша крвна слика, до понеделник брис ? Проценка на лекарот е сепак. И првата и втората матична ни се против антибиотици, детево годинава првпат пиеше панцеф. Лани заврши со два амоксиклава и панцеф едно по друго, ама накалемивме и воспаление на уво. А рачунај, секоја 2-ра недела е болен Но , за жал има и матични што мислат дале антибиотик и решиле работа….
Скраја да е, мислам ако е ептен сериозна работата, црп покачено, седиментција, бели крвни зрнца итнитн. Сакам да кажам дека секогаш целам кон тоа да биде испитано а не само антибиотик и ај чао.
Ако ептен се мачи ич не се мисли. Купи го и влечи. Не е до толку мал, на 6м. и јас би пробала со Носко ако има многу секрет.
Носко е најефикасна справа што досега сум ја употребила за вадење на мрсулина кој отпор го имав пошто сметав дека е многу груб за бебе, напротив одличен е и бебето најмалку го малтретираш со него
Со таква крвна слика се дава одма антибиотик и паралелно се зема брис па се корегира антибиотикот по антибиограм.
Мојава несака шише да види , на неколку пати сакав чај од ким да и дадам грчеви кога имаше , плачеше се корнеше , па глуми божем повраќа Сакам да почнам да одмолзувам за да можам да ја оставам со татко и да завршам некоја работа , не знам што ќе правам
Јас се откажав и пробиотикот го плука со лажичка што и давам , ама затоа цуцлата ја шмука со се пластика ќе ја голтне уште малку
Како да ја одвикнам да не заспива со града? Ако ме нема на видик за заспивање , вришти , се тресе, ќе се задави од плачење. Прееска влегов да се избањам, да средам коса, маска, она вришти ли вришти со татко и…. Прво беше само за навечер, сега и за денско заспивање…. Кога беше малечко, само си заспиваше со цуцла, сега се научи на града, не дека е гладна и цица, само ја става во уста и заспива А цуцла, цуцлата како ја плука, лета низ кревет кога се обидувам да и ја подметнам…. Да ја легнеш да ја нишкаш теорија нема