Се би дала да цица за заспивање. Има и полошо, да не се успива со ништо. Сега по најново, во исправена положба да го држам и така да го нишам, ама не било како, и тука ми прави финти. Денес само 5 литра пот од мене потече.
И мене кажете ми. Значи да се разбереме јас немам млеко ама за заспивање мора да цица. Ако некој друг го заспива мора со шишето барем малку млекце (ад 30мл) и да заспие инаку шанса нема. Со мене кога заспива нема шанса да ми заспие без малце да цицне ќе ме турка и тепа додека не извадам града. Теди мојот ми е страв од кога ќе се ожени да не ме стави во спална меѓу него и снашка за да цица Урлам, да.
Со града, во релаксатор во креветче и што уште не прочитав и искрено ви завидувам. Сама да заспие ќерка ми тоа би било научна фантастика. Не, озбилно читам и се чудам како ви заспиваат сами бебињата. Мојава со нејзините ритуали ме полуде веќе. Нон стоп во рака со нишање и обавезно цуцла без цуцла не спие. Само за спиење ја прифаќа инаку се гади од неа на почеток ја прифаќаше сега веќе не. И додека заспие неколку пати легни ја,таа станува па пак нишај презаспивај. Некогаш 2сата се успиваме. И што е најтрагично не прифаќа никој освен мене да ја заспие. Веќе почнува тешка да станува што ќе биде понатаму, кичмава ќе ми прозбори од мака. А да, и со нас спие. во креветче не сака. Секогаш се лепи накај мене и кога ќе ја видам кај мене на перница дошла. Па кога прета ако не е убаво заспана ја држам за раце па легнувам до неа дишиме лице во лице ова приметив дека ја смирува и заспива. Еден куп ритуали за спиење. Би сакала да беше полесно ...
Од 100-120мл ама не ги пие секогаш некогаш 90 мл, навечер 80 пие преку сила, ама 120 можеш си оставиш и ако можеш уште се измолзиш и во фрижидер backup plan да имат. Јас дека давам и како дохрана се молзам навечер за два подои и насабајле за два подои, и во фрижидер си чувам, таков ред фатив сега и супер ми е, пред тоа пред подој молзи а неа може порано ќе и се прејаде и плачки
После првата рота на колку време е ревакцинација знае некоја мајка? Требало да ми се јават али уште ништо па додека да идам да прашам да ми кажете ако знаете?
Во мое време само скокови имаше Сега се има и помага искрено да сфатеш некои работи. Мајки, не се мачете, дете не спијач останува не спијач. Еве го 9 години е, уште спие со мене. Ако станам од кревет, ме осеќа и станува. Како бебе седеше до 4 - 5 по полноќ. Преку ден дремнуваше 15 минути. Јас завршив дехидрирана, уморна. И знам како ви е. Ме обвинуваа дека не знам да го успијам, да го нахранам оти и не јадеше. Па ќе пробуваат и гледат дека не оди. Сега еве иста мајка и две различни бебиња. Бебка синоќа заспа накај полноќ и стана во 9 чсот. Без ниту еднаш да се пробуди. Ама затоа преку ден само дремнува, од 15 мин до 30 мин. Заспива секако и на града и сама во креветче, во релаксатор. Зависи. Преку ден, а особено после 16 часот е друго бебе, сака во раце, квиче и се така до полноќ. Напорно е и ова оти не можам на синко ни јадење да дадам некогаш. Чистам на полноќ уморна. Вака стануваат навечер, ќе цицаат и заспиваат. И преку ден си има преспивање. Ама тоа е, бебиња се и нема идеално. Растат брзо. Мојава прифати цуцла и пие од Авент она 0 плус што е. Плачеше, вриштеше, ама не се седи гладен и сега пие. Бидете упорни и трпение.
Исто со цицање се успива, и ако иам среќа со цуцла. А викаат после 4ти месец као да ги учиме сами да заспиваат... Па сам си цица
Здраво мајки ,да прашам да не знае некој како се вади здравствено осигурување за во странство за бебуш ?
Здраво мајки, зедов Џинџира спреј за пеленски осип, дали ставате кремче за газе па спреј или само спреј? Вчера ја прснав на неколку менување пелена, денес полошо е, гледам доста фален спреј е, а не е ни евтин... Некој совет плус е секако добредојден.